Пронајдете храброст да си одите кога не ви е дадена причина да останете

Ако чувствувате дека повеќе ништо не ве држи во врската, тогаш одете си. Бидејќи да се остане со човек со кој ништо не ве врзува е многу поболно од самото заминување. Не се мачете. Никој не е достоен за вашите солзи.

Паоло Коељо еднаш напиша: ‘Ако имате храброст да кажете збогум, животот дефинитивно ќе ве награди со ново ‘здраво’. Таа мисла ми светна кога почувствував голема празнина во себе. Се чувствував лошо, болно и тоа траеше толку долго што повеќе не се надевав дека ќе го видам светлото на крајот од тунелот.

Вистина беше дека се плашев да го пуштам. Се уплашив дека повеќе нема да сретнам никој друг како него. Се залажувава дека не’ врзува длабока и силна љубов. Но, не беше така.

Тоа беше токсична љубов која ми ја уништи душата. Сфатив дека тоа ме повлекува се’ подлабоко и подлабоко, така да единствен спас е да си заминам што е можно побргу. Бев свесна дека разделбата ќе биде болна. Многу вложив во таа љубов. Енергија, време, сила, Едноставно не можев да се откажам после се’.

Всушност, не сум единствена од оние кои ќе се откажат без борба. Така барем ми се чинеше.

Но, повеќе не можев да останам со него. И одлучив храбро да им погледнам во очи на моите стравови, што ја парализира мојата волја. Одлучив да живеам без него.

А се покажа дека не е толку застрашувачки.

Сега сум сама и искрено, никогаш во душата не сум била така мирна. Внатре во себе го пронајдов мирот и хармонијата.

Бидејќи да се остане со човек со кој ништо не те врзува, многу е поболно од заминувањето. Не се мачете. Никој не е достоен за вашите солзи.

Пронајдете храброст која е потребна во такви животни фази. Знам како се чувствувате. Сфаќам колку е тоа болно. Но, заминувајте.

Тргнете напред во животот и не се свртувајте. Пуштете нека ве води интуицијата. Всушност, таа и ве пттикна на таа одлука, зарем не? Пронајдете храброст да го започнете животот одново. Пронајдете нови цели. Нови соништа. Работете она што ви носи радост и среќа. Не се плашете- храбро зачекорете напред.

И верувајте ми, на крајот- вредно е за тоа. Кога ќе се решите од својот токсичен живот, ќе ви се врати интегритетот.

Не се плашете. Не гледајте назад. Среќата е пред вас.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: