Ако размислуваш да му се вратиш..

Знам дека ти е тешко да го извадиш од главата и од срцето. Знам дека навечер одиш сама во кревет, се бориш со мислите и зјапаш во празни ѕидови.

Знам дека си осамена, но тоа не значи дека треба да му се вратиш. Знам дека навикна на него и неговиот допир. Знам дека толку долго беше со него и дека не знаеш за било кој друг до сега.

Знам дека мислиш дека ти дава сигурност кога се плашиш. Не можеш да престанеш да вртиш во своите мисли се’ она што помина, надевајќи се дека ќе ја препознаеш ситуацијата во која се’ тргна лошо.

Во тебе постои вечна борба, еден дел од тебе знае дека најдобро за тебе е да го заборавиш и надминеш, но другиот дел од тебе и понатаму е врзан за него. Тој мал дел од тебе се плаши и тоа те задржува. Тоа те држи заробено во маѓепсаниот круг и секој пат те повредува.

Знам дека навистина сакаш да откриеш зошто љубовта исчезна. Во кој момент тргна наопаку? Зошто се’ тргна толку комплицирано и заплеткано?

Престани да го шпионираш. Престани панично да го спушташ телефонот кога ќе сфатиш што направи во тој момент. Престани да го гледаш неговиот профил за да видиш каде е и со кој. Тоа нема да ја олесне работата. Ќе се чувствуваш само уште полошо. Тоа значи дека само го посакуваш уште повеќе.

Знаеш зошто го напушти. Го напушти бидејќи не е истиот човек во кој се вљуби. Го знаеш тоа, затоа не му се враќај.

Не можеш времето да го вратиш назад и повторно да ги живееш моментите кога и двајцата бевте вљубени, кога му беше важна, кога те сакаше. Овие времиња се завршени и ништо не може да ги врати. Тој повеќе не е човек каков што беше некогаш. Се промени.

Не мораш да знаеш зошто и кога се промени, но мора да сфатиш дека се промени и дека ништо на светот не може да го врати во она што сакаш ти.

Избриши го од своето сеќавање, бидејќи ќе си наштетиш себе. Не се грижи за тебе, па дури и ако му се вратиш, повторно ќе те повреди, бидејќи повеќе не го интересираш.

Знам дека се плашиш за иднината. Дека ти е неверојатно тешко откога го напушти. Се сомневаше во себе и мислиш дека никогаш нема да издржиш без него. Но, не си во право. Најде сила и го остави. Тоа е најдоброто што го направи. Не се глупирај и не му се враќај. Бидејќи, ќе дојде денот кога не ќе можеш да се погледнеш во огледало.

Подобро е без него. Не се враќај бидејќи заслужуваш толку многу повеќе. Толку си силна и поубава кога го нема. Светиш како сонце кога не си со него, затоа никако не му се враќај.

Знаеш дека сите твои сомнежи и дилеми еден ден ќе исчезнат. Нека биде така. Не му се враќај.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: