Животните принципи по кои живеат Раковите

Ракот бара потполна слобода и одбива да живее слушајќи ги другите што и како треба да прави. Тие никогаш не се сигурни што ќе им донесе иднината, така да постојано бараат емотивна потврда од другите во облик на топли зборови, поддршака и цврсто гушкање.

Како поедници, Раковите имаат две страни. Едната е друштвена и забавна, другата е повлечена и асоцијална. Постојано се борат сами со себе. Тие по природа се добри луѓе, но не сакаат луѓето да ги земаат здраво за готово.Тие никогаш нема да се откажат од некој, ако некој друг им каже дека е тоа правилно. Кога сакаат некој, тие ќе се борат против целиот свет.

Еве 20 принципи на Раковите:

  1. Се чувствуваат добро кога ништо не мораат, туку кога така сакаат.
  2. Идеална ноќ за Ракот се подразбира гледање на филмови на каучот.
  3. Имаат силна интуиција и нешто повеќе од тоа. Можат да пробијат ѕид кои повеќето луѓе го градат пред себе.
  4. Тие се ноќни птици. Сакаат мир и мистерија на ноќта.
  5. Тешко ги забораваат луѓето со кои во минатото направија многу спомени.
  6. Работи кои најмногу ги плашат: болни случувања од минатото, потполно напуштање на зоната на удобност, страдањето на луѓето кои ги сакаат.
  7. Поставување на цели кои се во склад со нивните чувства. Ако нешто не е за нив, дури не се ни обидуваат да го завршат. Но, кога ќе се посветат на работите кои се инспирирани со нивните чувства, се трудат да ги донесат до крајот.
  8. Цел живот водат борба помеѓу силата на карактерот и ранливоста на душата.
  9. Сакаат да бидат јаки за сите, но им треба само една посебна личност која ќе биде покрај нив.
  10. Ракот е добра душа со огромно срце, но ако некој претерува, знае како да се претвори во некој, кој не сака да му биде на никој блиску.
  11. Често плачат, но ретко тоа ќе го видите.
  12. Мразат кога ќе ги критикуваат или исмејуваат. Мразат игнорирање и лага.
  13. Имаат навика на луѓето да им даваат повеќе шанси отколку што заслушуваат.
  14. Никогаш нема да остават личност без причина. Им треба долго да одлучат за тој чекор.
  15. Потребна им е стабилност и разноликост. Не знаат како тоа да го објаснат поинаку.
  16. Можат да намирисаат лага на еден километар. И после 20 години ќе се сетат што некој им кажа.
  17. Кога не се чувствуваат добро, сакаат да се затворат и да не комуницираат со никој.
  18. Своите блиски пријатели ги третираат како дел од семејството
  19. Никогаш не ја мешајте нивната тишина со незнаење, смиреност со прифаќање и љубезност со слабости.
  20. Честа промена на расположение е резултат на се’ што е во нив. Често не знаат како поинаку да ја искажат својата негативна енергија.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: