Луѓето родени во знакот на Девица не бараат премногу. Мали работи можат да им донесат многу среќа. Ако Девицата ви подари доверба- никогаш не ја изневерувајте, бидејќи никогаш повеќе нема да ви верува.
Овој знак понекогаш има премногу очекувања, па на крајот се премногу разочарани. Но, кога Девицата зборува, другите мора да слушаат, бидејќи зборовите на овој знак имаат поголема тежина од другите. Девиците знаат како да ја држат главата исправено и насмевката на лицето, дури и кога поминуваат низ тежок период. Често се преправаат дека надминуваат нешто, додека всушност се чувствуваат потполно скршено во себе.
Им сметаат сите врсти на ситници, посебно глупостите на луѓето. Она што ги разликува од другите знакови е тоа што, наместо зад грб, она што мислат ќе ви го кажат во лице.
Еве 20 принципи на Девиците:
- Имаат вроден инстикт и способност да ги тргнат луѓето од својот живот кои го уништуваат нивното расположение.
- Никогаш нема да се обидат некој намерно да го повредат.
- Сарказам не е однесување, тоа е уметност, а Девицата е Пикасо во таа уметнсот. Затоа секогаш мораат да го имаат последниот збор и обично е саркастичен.
- Девиците привлекуваат со својата префинетост, суптилност и шарм, така да нема ниту да забележите дека сте заведени.
- Не бараат совршенство, бараат искреност.
- Размислуваат за минатото и работите кои тргнаа погрешно или се грижат за тоа што ќе донесе иднината.
- Нешто што не сакаат да слушнат: ‘Се доаѓа од главата’. Девиците не можат лесно да престанат да мислат за нешто бидејќи нивниот мозок е секогаш во покрет.
- Ако изберат некој кој сакаат да биде покрај нив, тие треба да се чувствуваат посебно, бидејќи нивните стандарди се прилично високи.
- Не мислете дека нешто нема да забележи. Може да ги види сите детали, без оглед колку се мали.
- Не се комплицирани личности и не бараат премногу. Малите работи можат да им донесат многу среќа.
- Љубат силно, а кога ќе престанат некој да сакаат, тука нема враќање.
- Никогаш не делат се’ за себе со друга личност. Некои тајни мора да бидат сочувани.
- Кога ќе ве фатат во лага, не барајте простување. Во тој момент завршивте со Девицата.
- Можат да ги видат луѓето на посебен начин. Гледаат и добро и лошо во нив, но сепак одлучуваат да ги сакаат.
- Големи се работници. Затоа често мора да сработат нешто, само да не полудат.
- Подобро им е да се преправаат дека е се ‘ во ред, отколку сите луѓе околу себе да ги преоптеретуваат со своите проблеми.
- Знаат дека се силни, но тоа не значи дека никој не треба да им каже дека се горди на нив и дека можат да се опуштат.
- Нивните тешки зборови можат да повредат нечии чувства, но и нивната тишина може да скрши срце.
- Не можат засекогаш да чекаат на нешто. Ако треба долго да чекаат, губат интерес.
- Мразат кога луѓето непотребно ги допираат нивните работи. Не можат да сфатат како некои луѓе не знаат да ја работат својата работа. Не сакаат ирационални и тврдоглави луѓе, дрски и арогантни, како и оние кои претерано се жалат
Leave a Reply