Кога мажот ја гушка жената..

Неверојатна поетска проза на писателот Дејвид Тумаринсон за тоа што се случува во интимните моменти на гушкање.

– Кога мажот тивко и’ приоѓа зад грб и ја гушка својата жена, тој со своите раце затвора круг. Нејзиниот круг и својот. Круг на нежноста, топлината, разбирањето, заштитата.

И во самиот центар на овој жив круг, тој ја става жената. Со самото тоа несвесно покажува дека сега таа е центар на Вселената. Мажот ја гушка жената во тишина. Молчи и жената. Таа чувствува како топлината излегува од овие врели и молчеливи раце.

Кога мажот ја гушка жената, неа моментално и’ растат крила. Во тој круг неа и е спокојно.

Таа, како шеќер се топи од молчеливата нежност. Која е таа сега, стоејќи во центарот на неговиот животен круг? Што жената чувствува во овој момент?

Жена или девојка? Сакана или онаа која сака. Тишина…Со лесна покривка на недореченост покриени се нејзините рамења..И ги крие од мажот своите мисли..или повеќе не крие? Бидејќи таа е гушната, заштитена од надворешниот свет, кој е така ладен и суров.

А овде, во неговите раце-топло е и удобно. Спокојно. Тоа се моменти за кои се копнее, се чека и надева.

Почесто гушкајте ја својата жена! Воведете ја во центарот на својот круг! Возвишете ја секогаш со својата болно треперење на чулна нежност! Едноставно, сакајте се! Неа така и’ е неопходно. Исто како што ви е потребно и вас.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: