Овесните снегулки содржат калиум, натриум, калциум, железо, магнезиум, цинк, фосфор, витамини Б1, Б2, Е и тоа не е сиот список на корисни состојки во овесните снегулки. Но, овесот не е корисен само за конзумирање (одличен е за чистење на цревата од токсини) туку е и многу погоден за користење во козметички цели.
Секојдневното миење со овесни снегулки помага да се отстрани не само мрсниот слој на кожата, акните и ситните бори. Туку и к зожата ќе ви ја направи мазна и мека.
За да го направите тоа, потребно е да се земе една рака овесни снегулки (можете малку да ги сомелете). Ставете ги да киснат претходно, неколку минути во млака вода. После тоа, многу нежно, без гребење на кожата, нежно ставајте ги на лицето и вратот. Подрачјето околу очите изоставете ја. Нека стојат 2-3 минути. Потоа измијте го лицето со млака вода, нанесете од кремата која вообичаено ја користите или тоник.
Лесно и едноставно. Зарем не? Набргу ќе забележите занчаен ефект со такво секојдневно миење.
Leave a Reply