Ошо: ‘Не постои ниту еден вирус пострашен од стравот!’

‘Како да ја избегнам епидемијата?’

Ова прашање му беше поставено на познатиот индиски учител Ошо пред речиси 40 години во периодот на AIDS.

Oшо одговори:

‘Поставуваш погрешно прашање. Вистинското прашање е: ‘Како да се избегне стравот од смртта предизвикана со епидемијата?’ Бидејќи вирусот може лесно да се избегне, многу е тешко да се избегне стравот во вас и светот.

Луѓето ќе умираат од овој страв повеќе отколку од вирусот. Не постои никаков пострашен вирус од стравот. Сфатете го овој страв, инаку ќе станете мртво тело пред вистински телото да ви умре.

Тоа нема врска со вирусот. Страшната атмосфера која ја чувствувате во овие моменти е колективно лудило. Се случило илјада пати и ќе продолжи да се случува. И ќе продолжи уште, ако не ја разберете психологијат на гужвата и стравот.

Стравот обично го држиш под контрола, но во моментот на колективно лудило, твојата свест може потполно да биде изгубена. Нема ниту да знаеш кога ја изгуби контролата над стравот.

Тогаш стравот може да те натера на било што. Во таква ситуација можете себеси да си го одземете животот или животите на другите.

Толку работи ќе се случат во следните години: Многу луѓе ќе се убијат, а некои ќе убијат многу луѓе.

Внимание, бидете претпазливи! Не гледајте вести кои го будат стравот. Ако го подгревате стравот, се развива хемиска промена која може да биде толку токсична што може да ве убие. Во текот на епидемијата енергијата во целиот свет станува ирационална. На тој начин можете да паднете во црна дупка во било кое време.

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading