Aко се наоѓате во море од проблеми, научете да пливате меѓу нив

Колку пати се обидовте да се борите или да побегнете од неволја? Лично знам дека тоа го правев цел свој живот. Нашите мозоци се создадени да не’ штитат во секоја ситуација, дури и ако значи дека имаме најлош можен исход, ние имаме тенденција да осмислиме бег за секоја ситуација, која не се случи, ниту пак некогаш ќе се случи. Луѓето со анксиозност, вклучувајќи ме и мене, стануваат робови на она што нашиот мозок го сугерира и почнуваме да живееме живот натопен со адреналин. Моето настојување да ја сфатам својата анксиозност, ме натера да сфатам дека поголемиот број на работи никогаш не се такви какви што изгледаат, односно не се случуваат онака како што очекуваме или се плашиме.

Кога ќе станеме преплавени со неволји, имаме три избори: да се бориме против проблемите, да побегнеме од нив или едноставно да ги прифатиме. Изборот е во нашата перцепција. Можете да претпоставите дека ќе се удавите или можете да ја употребите поплавата да ви помогне да се подигнете. Каков избор и да направите, тој ќе влијае на квалитетот на вашиот живот. Дојдов до точка на духовна зрелост кога сфаќам дека без неа не можам да достигнам ниво какво што сакам, ниту да станам жена каква сум предодредена да бидам. Поплавите во тешките времиња создаваат од нас мајстори на животот.

Кога се бориме со длабока вода, ќе потонеме. Кога бегаме од неа, таа не’ прогонува. Но, кога ќе дозволиме длабоката вода да се случи и кога ќе научиме да пливаме во неа, тоа станува наша карта за уживање на повисоко ниво.

Како? Што повеќе вода, тоа сте подалеку од местото на кое почнавте. Неволјите нема да ве потопат. Вашите емоции исто така нема да ве задушат. Вашите анксиозни мисли нема да ве изедат. Тоа се само бранови на длабоката вода кои ве креваат ако во тоа одлучите да верувате. Се додека во градите има воздух, вие можете да лебдите. Одлучувачки фактор е како ги гледате неволјите околу себе.

Секоја непријатност кој ќе ви зачука на вратата не е тука да ве уништи, туку да ве воздигне. Преголеми сметки и долгови, работа која не ја сакате, напнатост, па дури и она чувство на напуштеност, имаат посебна смисла во животот. За да станете господар на уживањето во животот, потребен е оптимизам кој ве тера да се откажете кога ќе се појават неволји. Постои заблуда за животот на оние кои се среќни, здрави и богати. Размислуваме дека немаат проблеми или живеат живот на сува површина, додека другите околу нив тонат. Вистина е дека се ‘добри пливачи’, дека го совладале пливањето.

Секое ниво на животот бара нова животна вештина. Понекогаш учењето на тие вештини доаѓа со бранови на разочарување, а можеби и со потешкотии. Еве три начини на кои можете да ги искористите неволјите за подигнување во својот живот.

  1. Очекувајте. Во ред е да очекувате промени. Очекувањето ја поттикнува идејата на вера во Бог кога работите стануваат неподносливи и непредвидливи. Ако имате цели или планови, очекувајте дека тие понекогаш ќе ви паднат тешко, но кога еднаш ќе научите да плутате на бранот, ќе почнете да се подигате.
  2. Прифатете. Прифатете го фактот дека не можете секогаш да имате контрола. Можете да побегнете на повеќе терени поради сигурност, но дури и највисоките места имаат проблеми. Борбата против водата може да доведе до давење. Мора да научите да пливате.
  3. Допуштете. Борбата е верување дека без оглед на предизвикот со кој ќе се соочите можете да победите со сопствената сила. Да се бега од водата на сигурно место значи дека сте одлучиле дека ситуацијата е претешка, заканувачка и премногу сложена за да преживеете. Но, допуштањето, бидејќи немате контрола, ви ја дава одговорноста за лекцијата или благословот кој доаѓа со тоа.

Aвтор: Kiara Swanigan

извор: Thought Catalog

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: