Детален седмичен хороскоп од 22.11 до 28.11

Овен

Луѓето родени во знакот на Овен треба да бидат смирени и добро да размислат пред да донесат некои важни одлуки. Вашиот успех може да биде причина за завист на некои за вас блиски личности. Некои припадници на овој знак ќе имаат потреба да се одморат и опуштат па ќе посакаат да побегнат од сите. Обидете се да ги избегнувате критиките и да обрнете повеќе внимание на своето однесување. Многу е важно своите планови да ги држите подалеку од очите на јавноста. Некои можат да ви ги украдат идеите, а некои можат и да ви ги саботираат.

Бик

Обидете се да бидете трпеливи со другите и да не реагирате брзоплето. Само така можете да ги избегнете несогласувањата кои можат да се случат во вашето семејство. Бидете внимателни со своите зборови за да не го навредите некој кој го сакате. Не дозволувајте било кој да ве притиска. Бидете свои и водете се со своите чувства во она што посакувате. Во вашиот живот се случуваат силни промени на многу суптилни нивоа. Вашите акции се успешни и ќе ви донесат ново признание и одличен приход.

Близнаци: Многу Близнаци ќе имаат потреба да ги искажат своите искрени чувства кон некои луѓе кои ги сметаат многу важни. Само бидете трпеливи и се’ ќе помине како треба. Можеби ќе ви биде потребно време да размислите за ситуацијата во која се наоѓате моментално пред да превземете некои важни чекори. Ако сакате да остварите некои свои цели мора својата тврдоглавост да ја оставите на страна. Некои промени за кои размислувате можат да ви овозможат да остварите некои задачи кои ги зацртавте одамна. Внимавајте на парите

Рак

Бидејќи сте склони да зборувате многу бргу, можеби ќе мора малку да успорите, инаку во околинта ништо нема да ве разберат. За просперитет е потребно да се биде тактичен и да не се зборува многу, посебно сега. Вашата самодоверба е висока. За да постигнете рамнотежа, не се впуштајте во беспотребни разговори. Време е да бидете практични на многу внимателен начин, наместо да трошите време на смислување на многу нереални планови.

Лав

Моментално околностите не ви одат од рака и некои работи не се случуваат како што ги замисливте. Добро размислете за следните чекори и не брзајте со нивна реализација. Почнете да ги анализирате своите мотивации за усвојување на одередени обрасци на однесувања за да создадете нова перспектива. Наскоро можеби ќе размислите и ќе ги промените своите планови за иднина. Потребна е храброст за да се биде искрен, отворен и ранлив за да се овозможи промената. Не им дозволувајте на штетните луѓе да ви ја расипат среќата.

Девица

Не ги штитете другите луѓе освен ако не побараат. Така себеси само ќе си создадете проблеми и неволји. Хармонијата во вашата врска, смиреноста и великодушноста се прекрасен начин да го постигнете она што сакате. Меѓутоа, мора да ја одложите расправата за некои важни одлуки и промени. Некои ваши постапки нема да бидат добро прифатени, што може да предизвика многу стрес.

Вага

Бидете трпеливи и почекајте додека нишката на вашиот живот се расплете и не го открие вашиот прав пат. Можеби ќе сретнете луѓе кои ќе инсистираат да се запознаат со вас.. Може да исправите некои работи од минатото, но само е на вас дали тоа ќе го направите. Некои припадници на овој знак можат да добијат некои убави вести кои можат да имаат големо влијание на нивните животи. Не дозволувајте другите да ве предомислат за некои работи за кои ги посакувате. Слушате ги своите чувства и правете она што мислите дека е најдобро за вас.

Шкорпија

Во вашиот живот моментално се случуваат многу промени како во приватниот така и во професионалниот живот. Наскоро можат да се случат некои работи кои ќе ви помогнаат да согледате некои работи од еден сосем друг агол. Обидете се подетално да ја анализирате ситуацијата во која моментално се наоѓате за да можете да најдете најдобро можено решение за моменталната ситуација.

Стрелец

Треба да се потрудите да бидете трпеливи и да не се трудите да им ги читате мислите на другите. Во оваа седмица можат повторно да излезат на виделина некои нерешени семејни проблеми па е многу е важно да бидете разумни околу се’. Бидете внимателни во оваа седмица кога се во прашање вашите финасии. Постои можност да загубите некои пари или да бидете жртва на измама. Кога е во прашање вашата кариера, работите ќе одат многу добро и можете да остварите значаен успех.

Јарец

Бидете внимателни кога започнувате некое пријателство. Посебно треба да бидат внимателни оние Јарци кои се занимаваат со трговија или недвижности. Трудете се сите разговори да ги водите со мирен и сталожен тон..Можеби е добро два пати да размислите пред да се одлучите за патување бидејќи ова не е поволен период.

Водолија

Треба повеќе да се посветите на семејниот бизнис. Ако сакате вашата работа да напредува и да ви носи добри приходи тогаш мора и малку повеќе да се вклучите во работата. Трудете се да бидете трпеливи и да направите се’ што можете за да дојдете до целта која ја зацртавте. Не го трошете своето време без потреба ако детално не ги разработивте и осмисливте своите планови. Ова е многу поволен период за финансии, искористете го тоа.

Риби

Ако успеете да ја стабилизирате вашата моментална сосотојба на работа ќе можете да ги стабилизирате и своите финансии после подолго време. Обидете се да бидете смирени и не носете брзи одлуки ако сакате другите да ве почитуваат. Направете промени во својот живот кои ќе бидат добар почеток за достигање на нови цели. Ќе дојде до некои потешкотии кои ќе бараат од вас да ги преиспитате досегашното однесување.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: