Во некој период од вашиот љубовен живот можете да забележите дека вие и вашиот партнер повеќе живеете како цимери отколку како партнери. Тоа се нарекува синдром на цимери и тој може да му наштети на вашиот однос. Таквата врска можеби е удобна, но може да биде погубна за љубовта во таа врска. Партнерите не треба да се гледаат еден со друг како цимери, бидејќи вие тоа не сте. Кога ќе се навикнете на таков тип на врска, ќе забележите дека вашата љубов тоне како чамец и кога е веќе добро потопен нема да можете да го спасите. Затоа навреме препознајте го синдромот на цимер во врската:
- Повеќе не разговарате како некогаш. Зборувате за технички работи по дома, чувањето на децата и други секојдневни работи, но не можете да се сетите кога последен пат сте разговарале за вашите животи, своите потреби, чувства, желби и соништа- тоа е лош знак.
- Сонот е поважен од интимноста. Сите сме преоптеретени со работата и други работи поради што нашиот сон е многу ‘тенок’. Недостаток на сон лошо влијае на расположението. Меѓутоа, ако тоа се случува долго време, тогаш сигурно ќе влијае на врската.
- Ретко се гледате. Смените на работа ви се различни и единствено време кога се гледате се утро или ноќ. Можеби нема да се видите по цел ден или одите на спиење во различно време, па немате прилика да работите на својот однос. Таквиот начин често доведува до отуѓување.
Ако сакате да го победите синдромот на цимери, тогаш треба да вложите малку труд. За почеток вашата врска нека биде приоритет, донесете одлука да ги смените работите на подобро. Секој ден одвоете време за комуникација со партнерот. Нека бидат тоа 10 минути, но нека бидат посветени на вашата врска.
Секогаш прашајте го вашиот партнер како е и слушнете како поминал неговиот ден. Рутината може да се промени со нови работи. Понудете му на партнерот да правите нешто што до сега не правевте заедно-некоја врста на активност, нови интересни места.
Разговарајте за своите чувства, изразете ги вербално или физички. Гушкајте се и љубете.
Да, можеби врската нема да биде страствена и романтична како на почеток и тоа е во ред. Но, можете да стане зрела, подлабока и поинтимна.
Leave a Reply