Месечен хороскоп за Декември 2021

Овен

Во последниот месец од 2012 Овенот повеќе ќе размислува за смислата на животот. Во професионалните активности, монотоната работа ќе ве умори, а можеби ќе мора да се занимавите со проблемите кои долго ги одлагавте. Потрудете се да ги завршите задачите, без откажување на половина пат. Во личниот живот, на почетокот на месецот, можна е романса на работа и мали знаци на внимание упатени од колега. Венера ќе ви помогне да постигнете она што сакате. Ќе ве служи здравјето, но водете сметка за крвниот притисок.

Бик

Биковите во декември ќе сакаат да ги покажат своите способности на повеќе полиња. Бидете внимателни со финансиите, се зголемува ризикот од измама. Треба да го преиспитате својот професионален однос. Слушајте ја инутицијата. Можно е да дојдете до тајни информации кои ќе ви помогнат да напредувате во кариерата. Слободните Бикови кои се во врска ќе имаат прилика да ја зацврстат својата љубов и да ја вратат некогашната страст. Што се однесува на здравјето, избегнувајте физичко и емоционално преоптеретување. Тоа може да го ослаби вашиот имунитет.

Близнаци

Фокусирајте се на јакнење на односите со партнерот и изградба на професионални врски. Бидете слободни да покажете иницијатива и да ги изразите своите идеи – тоа ќе ви донесе кредибилитет во очите на другите. Водете сметка за финансиите- примамливи понуди можат да се покажат како сериозен удар на буџетот. Што се однесува до приватниот живот, не се препорачува планирање на венчавка или веридба, но затоа слободните Близнаци ќе доживеат судбоносна средба кој ќе им го промени животот. Што се однесува до здравјето, можни се болки во грбот и мигрена. Трудете се повеќе да одморите.

Рак

За да ја зајакнете својата професионална позиција, откажете се од ставот на набљудувач, максимално вклучете се во процесот на работа. Имате добри шанси да пронајдете додатен извор на приходи. Во овој период не се задолжувајте ниту пак земајте кредити. Слободните Ракови очекуваат интересни состаноци, затоа обрнете внимание не само на изгледот туку и на заедничките интереси. Судирите со партнерот можат да се избегнат со разговор и компромис. Што се однесува до здравјето, во овој период Раковите се во зголемен ризик да добијат изгореници.

Лав

Декември ќе биде успешен во сите сфери на животот, а среќата ќе ве прати на секој чекор. Имате шанса за добивка на лотарија. На работа се потпирате исклучиво на себе и својата помош. Не носите избрзани, емотивни одлуки, посебно кога се парите во прашање. Последниот месец во годината ќе биде исполнет со неверојатни средби и познанства кои ќе ви помогнат во јакнењето на материјалната положба и статус во општеството. Голема е веројатноста да ви се случи романса на работа. Лавовите во врска би требало повеќе да му се посветат на партнерот и да работат на унапредување на односот. Се препорачува физичка активност за јакнење на имунитетот.

Девица

Девицата ја чека продуктивен и забавен месец. На работа нема да ви биде досадно, ќе имате многу идеи, но не ги делете со колегите бидејќи многу чекаат момент да ги присвојат вашите достигнувања. Одговорно пристапете по прашањето на парите, а слободно побарајте и дополнителен извор на приход- резултатите нема да ве изневерат. Посветете повеќе внимание на семејството и пријателите, но и во својот дом. На слободните Девици ѕвездите им предвидуваат почеток на љубовна врска, но избегнувајте несериозни врски, тие ќе ви донесат само разочарување.

Вага

Во фокусот ќе бидат домашни и семејни проблеми, а можеби и далечни роднини ќе побараат помош. Во текот на декември не се препорачува да се започнат сериозни професионални проекти бидејќи приватните проблеми нема да ви дозволат во потполност да се концентрирате на извршувањето на задачите. Ве очекува прилив на пари до крајот на годината. Слободните ваги ќе уживаат во осаменост и мир, додека оние кои се во подолга врска ова е идеално време за венчавки или заеднички живот. Обрнете внимание на варењето, хранете се што поздраво.

Шкорпија

Декември е среќен месец за Шкорпиите бидејќи имаат големи шанси за подобрување на својата материјална состојба, било на постојаната или на новата работа, но под услов правилно да ги постават приоритетите и целите. Не бидете во потполност искрени со колегите, нивната завист може да се сврти против вас. Бидете внимателни во комуникација! Ако сте во стабилна врска, ова е идеално време за оживување на заспаните страсти. Осамените претставници на овој знак мора повеќе да комуницираат и повеќе внимание да обрнат на своето опкружување – можеби тука се крие нова љубов. За да ја избегнете исцрпеноста, повеќе одмарајте.

Стрелец

Во последниот месец во годината, Стрелците ќе успеат да ја ‘фатат’ среќата ако јасно ги дефинираат целите. На работа држете се подалеку од интриги и озборувања. Ќе бидете продуктивни, но внимавајте да не паднете во финансиска замка- паметно инвестирајте. Стрелците во врска ги очекува период на криза, судири и несогласувања. Слободните стрелци кои сакаат да ја запознаат својата сродна душа не треба да ги игнорираат поканите на разни случувања. Чувајте се од настинки, зајакнувајте го имунитетот.

Јарец

Во Декември завршете ги сите работи, решете се’ што можете и не ги префрлајте обврските во Новата година. Новата година ви отвора уште поневеројатни можности, важно е само правилно да се подготвите за нив. Во првата половина на месецот работното опкружување ќе биде напнато, не започнувајте нови проекти. Иако финансиската ситуација е стабилна, крајот на месецот е погоден за промена на работата или барање на додатни извори на приход. Во овој период Јарците можат да имаат љубоморни испади и пред другите да поставуваат нереални барања, што може да предизвика раздор во врските. Слободните Јарци ќе бидат во центарот на вниманието, со многу удварачи! Внимавајте на менталното здравје

Водолија

Обрнете внимание на недовршените проекти. Правилно поставете ги приоритетите и целите и чувајте ги своите планови подалеку од колегите. Насобраниот умор ќе ве натера да размислите за одмор. Слободните Водолии ќе почувствуваат потреба за повлекување, сакаат да се посветат себеси. Водолиите во стабилни врски треба да ги држат своите емоции под контрола и да не предизвикуваат скандали со неоснована љубомора. Можно е дека ќе дознаете некоја тајна за својот партнер. Зајакнете го имунитетот.

Риби

На рибите им се отвораат нови хоризонти во професионалната сфера така да потрудете се максимално да ги покажете своите квалитети, било да е во прашање веќе постоечка работа или нова прилика. Ќе ве прати професионална среќа, но сепак поведете сметка и за животните трошоци. Искористете ги новите познанства и средби! Рибите во врска треба повеќе да се посветат на партнерот за да ја зајакнат близината. Не го занемарувајте семејството и пријателите. Слабите точки на Рибите се грбот и рамената и се препорачуваат лесни вежби.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: