- Ослободете се од потребата постојано да ја докажувате својата исправност. Меѓу нас има многу луѓе, кои и под закана со раскинување на прекрасни односи, и кога предизвикуваат болка и создаваат стрес, не можат да се помират и да прифатат поинаква точка на гледање на работите. Верувајте тоа не е вредно.
- Откажете се од контрола. Бидете подготвени да се откажете од потребата постојано да контолирате се’ што се случува околу вас- ситуации, настани, луѓе, итн. Било да се работи за семејство или пријатели, партнер- само дозволете да бидат такви какви што се. Се’ е во Божји раце.
- Отпуштете го чувството на вина. Осободете се од потребата да ги обвинувате другите за она на што можете да влијаете или не можете, за тоа што чувствувате или не. Престанете да ја расфрлате својата енергија и превземете полна одговорност за својот живот.
- Застанете ги негативните разговори сами со себе. Колку луѓе се повредуваат себеси, само затоа што им дозволуваат на негативните мисли и емоции да управуваат со нивните животи. Не им верувајте на се’ што зборува вашиот логичен ум. Вие сте Душа и со Бог можете да направите повеќе отколку што можете да замислите.
- Ослободете се од потребата постојано да се жалите. Ослободете се од потребата да се жалите на многу работи -луѓе, ситуации, настани кои ве прават несреќни, тажни и депресивни. Никој не може да не’ направи несреќни или среќни, освен нас самите.
- Ослободете се од критика. Престанете да ги критикувате луѓето кои се поинакви од вас и случувања кои не се поклопуваат со вашите очекувања. Се’ е Божја волја.
- Ослободете се од потребата да им оставате впечаток на другите. Престанете да се преправате и да бидете онакви какви не сте. Тргнете ја маската, прифатете се и засакајте се такви какви што сте.
- Престанете да давате отпор кон промените. Промените се нормални, тие се неопходни за да одиме понатаму. Промените не’ менуваат нас, нашите животи и животите на опкружувањето кон подобро. Без нив би било досадно. Промените ни даваат можност да се менуваме на подобро.
- Отпуштете го минатото. Да, тоа е тешко. Посебно кога минатото повеќе ви се допаѓа отколку сегашноста и иднината ве плаши. Или минатото изгледа толку страшно, што сакаме да се избрише и да почнеме нов живот од почеток. На сите ни е потребно да го прифатиме фактот дека минатото ни е дадено поради неопходни искуства, а сегашноста- е се’ што имаме сега.
- Да ослободите од стравовите. Стравот е илузија, тој не постои- ние сами го создадовме. Тоа се само трикови на нашиот ум. Сфатете дека сте вие- душа, а душата е вечна и Таа не се плаши од ништо.
- Престанете да се правдате. Најчесто, го ограничуваме и го успоруваме својот духовен раст, поради многу изговори за себе.
- Престанете да го живеете животот според очекувањата на другите. Многу луѓе го живеат животот како што не им се допаѓа.Тие го живеат животот во склад со она што мислат дека е најдобор за нив, тие работат тоа што од нив очекуваат нивните родители, пријатели, друштвото. Го игнорираат својот внатрешен глас. На крајот ја забораваат својата вистинска природа, се забораваат себеси.
12 особини од кои треба да се ослободите

Leave a Reply