Љубовните односи се многу сложени. Кога две личности ќе одлучат да се сплотат, ќе се измешаат и нивните рани и нивните очекувања. Понекогаш ова дејство е поврзано со болка и страдање, наместо да делува како заштитна мрежа, станува затвор во кој дури и знаејќи дека го повредувате другиот, не можете без него. Ова е случај на афективна зависност. Во емоционалната зависност, парот ја искажува нестабилната и несреќната врзаност која ги присилува двајцата да живеат во некоја врста на затегнатост: не се среќни заедно, но не можат еден без друг.
Знаци на афективна зависност:
- Несигурност
- Ниска самодоверба
- Недостаток на разгледување на сопствените потреби
- Претерано размислување за туѓите потреби
- Опсесивни мисли за саканата личност
- Компулзивна желба да се чувствувате сакано и да ја пополните внатрешната празнина
Оваа состојба може да стане патолошка, што резултира со длабоко дисфункционални и болни врски: не е невоообичаено да се види зависник кој е окован, практично со своја волја, во однос со афективна, себична или нарцисоидна личност. За жал, ако ‘доминатниот’ член има садистички или манипулативни карактеристики, нема да биде необично да се сретнат и случаи на физичко насилство или разни малтретирања. За жал, овие случаеви не се така ретки.
Оваа патологија потекнува од детството и семејниот оквир, во кои детето не чувствува дека заслужи љубов и заштита. Oтисокот на болното минато, со својот багаж на незараснати рани, ризикува да се проектира на односите која личноста ќе ги доживее, со несвесно влијание на изборот на партнерот. Поради тоа често не е доволно да се прекине токсичната врска за да бидете вон опасност, бидејќи со своја волја ќе упаднете во иста замка со друга личност која ќе претстави исти дисфункционални ставови на претходниот партнер: некој патува од нарцис до манипулаторот, па до егоист, не гледајќи крај на тунелот.
Во партнерство со емоционалана зависност постојат две улоги: една е доминантна, а другата сочувствителна, но и двете имаат висцеларна потреба една за друга, дури и ако една со друга се повредуваат. Овој вид на однос се воспоставува на комплементарна основа: ако во врската постои член кој се поништува (буквално зборувајќи) за да се направи место само за другиот и неговите потреби, на другиот крај на јажето ќе биде некој на кој ќе му биде потребно сето можно и незамисливо внимание и ќе се фокусира само на себе без размислување за оној другиот.
Од таа причина, сочувствителниот зависник (оној кој мисли само на другиот) ќе се придружи на доминантната личност која ќе му го шмукне сето внимание и енергија.
Како да се излезе од емоционалната зависност?
Како што порано кажавме, не е доволно да се прекине дисфункционална врска и да се префрлите на друга приказна со друга личност ако не ја излечите болеста во коренот: само ќе ризикувате повторно да ја проживеете истата приказна со друг партнер.
За да излезете од емоционалана зависност, императив е да ги излечите внатрешните аспекти кои ве наведуваат да посакувате да ја пополните внатрешната празнина. Но, пред да размислите за друг, мора да научите да мислите за себе: да ја вратите довербата во себе, да ги препознаете своите потреби, да не се плашите да се движите независно по светот, да научите да се цените себеси и да знаете да издвоите време за себе без чувство на вина. Тоа е дел од процесот на повторно откривање на сопствената индивидуалност кој ќе помогне да не се повторат дисфункционалните избори од минатото. Меѓутоа, таквиот пат не може да биде импровизиран, туку мора да го прати стручна и компетентна личност.
Кога ќе ги излечиме нашите внатрешни рани, повеќе нема да бираме партнер кој ќе ги влече конците на нашиот живот, туку ќе ги земеме работите во свои раце, ќе избереме сопатник кој ќе биде покрај нас. Тогаш ќе можеме да создаваме здрав однос.
Leave a Reply