Зошто тој не те сфаќа сериозно?

Фрустрирачки е знам. Ти се допаѓа тој, токму тој и само тој. Но, не ти нуди ништо конкретно и најжалосно од се’- не те сфаќа сериозно. Се чини како да му зборуваш на ѕидот. Многу пати му даде до знаење дека не сакаш само површен, незадолжителен однос. Но, тоа него не го допира. И понатаму не се менува. Се прашуваш: Зошто тој не те разбира сериозно?

Оваа тема често се провлекува во женските кругови. Речиси е фрустрирачко кога имаш чувство дека до него не можеш да допреш и секој обид на комуникација е залуден. Добрата вест е дека се’ може да се сврти. Патот од врска без обврска до квалитетна врска е многу едноставен- ако знаете што правите.

Мора да бидете свесни дека мажот на кој му се допаѓате, но не ве смета за нешто сериозно, ќе се обиде да наметне свое темпо на гледање. Ваше е да се согласите или не. Од вашата реакција всушност зависи во кој смер ќе продолжи вашиот однос. Да, драги мои, вие можете да ја смените сегашната ситуација. Речиси никогаш не е доцна за пресврт. Бидејќи вие им давате на луѓето до знаење како можат и смеат да ве третираат. Вие го одредувате темпото и смерот во која ќе оди одредена врска. И она најважно, вие сте тие кои се согласувате или не на она што ви нуди одреден маж.

Драга моја, ако оваа ситуација ти звучи познато, пред се’ запрашај се: Дали се согласувам на она малку што ми се нуди? Дали се гледаш со некој во четири ѕида, кој вешто ти ја сервира приказната за ‘неподготвеност за врска’? Дали мислиш дека тоа води кон вистинска врска? Морам да те разочарам, одговорот е НЕ.

Мажот кој не покажува никаква намера со тебе да излезе во јавност, да те запознае со семејството и пријателите- нема намера да му бидеш девојка. Дури и ако ти рече дека си супер девојка, нему всушност му е само пријатно. Тоа не значи дека има сериозни намери.

Сурово е знам, но сите вие кои сакате сериозна врска, а се наоѓате во оваа ситуација- ви треба будење под итно. Мажот кој вака се оденсува не е вљубен, туку комотен. Тој се раскомоти во удобноста на твојата дома, а додека ти се надеваш дека ќе бидеш негова девојка, тој бара возбуда на друго место. Ти му исполнуваш сексуални желби, како и потреби со нежност, разбирање, но ти не си таа во која тој ќе се вљуби. Освен ако не се заземеш за себе на вистински начин. На крајот, тоа зависи од твојот став.

Зошто тој не те сфаќа сериозно? Затоа што доби впечаток дека секогаш ќе бидеш тука, без оглед на се’. Не постои страв дека ќе те изгуби и затоа не те цени доволно.

Ако се заземете за себе, направите рез и смирено му кажете дека таков однос не ви одговара и дека сакате само пријателство (ако тој не е подготвен да вложува во тој однос) тогаш направивте сјаен прв чекор. Проблем е ако не се придржувате на својата одлука. Ако веќе другиот ден или за неколку дена му праќате порака, обидувајќи се да направите контакт- ништо.

Ниту еден маж не е единствен. И затоа кога поставуваш граници, мора да бидеш сигурна во она што зборуваш. И мора да стоиш зад своите зборови, ако сакаш да бидеш сфатена сериозно.

Мажите се вљубуваат во жени кои не се опседнати со идеја дека за нив постои само еден единствен маж. Љубовта во врските ионака е безусловна. Првиот услов е верност, а многу жени толерираат и неверство со надеж дека ќе биде добро- а нема. Нема да биде подобро- се’ додека не се воспостави повторно почитување.

Ако му кажа дека не сакаш површни односи, тогаш не иницирај комуникација. Занимавај се со себе. Погледни околу себе. Запознај нови луѓе. Тој го има твојот број кој ќе го сврти кога- тогаш, ако малку му значиш. Ако не, тогаш ќе го намалиш бројот на изгубени денови, недели, месеци и години на живот во заблуда. Годините поминуваат, а твоето време е она што никогаш нема да се врати.

Зошто тој не те сфаќа сериозно? Бидејќи согледа дека не се држиш до она што кажа. На крајот на краиштата, ти не ги почитуваш своите зборови, зошто да ги почитува тој?

Гледате колку е тоа едноставно? Мажите не се толку комплицирани- тие напросто прават она што ним им одговара во даден момент и се однесуваат како им е дозволено. Ако и воспоставите ново ниво на почитување со заземање на став, тогаш кога ќе згазнете на својот збор- се’ ќе биде залудно.

Мажите не ги сфаќаат сериозно жените кои многу пати спомнуваат заминување, а никако да заминат. Зборовите кои не се пропратени со дела, најчесто губат на важност. Затоа ви се чини дека се вртите во круг.

Nelly

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: