Животните принципи по кои живеат Стрелците

Стрелците навистина знаат како да ги преминат границите и да го тестираат трпението на луѓето околу нив. Тие знаат дека вистината боли, но немаат проблеми да ја кажат. Имаат весела природа, но многу се повлечени луѓе. Тие се одлични во градење на ѕидови околу срцето за да не дозволат никој да ги повреди. Наместо да бидат лути, повеќе сакаат да ги надминат тешкотиите низ насмевка

Кога се чувствуваат анксиозно, тоа не го покажуваат. Но, кога ќе ги премините нивните граници на толеранција, ќе се прелие се’ што порано е собрано. Стрелците се друштвени, но не сакаат да припаѓаат на групи. Тие најдобро се чувствуваат во друштво на мала група на пријатели на кои можат да им веруваат.

Еве 20 принципи на Стрелците:

  1. Немаат што да кријат и сакаат да ја кажуваат вистината.
  2. Можат да го дадат срцето на момент, но ако ги излажете ќе заминат што побргу.
  3. Не им треба сожалување. Знаат како да ја кренат главата и да одат напред, колку и да е тешко.
  4. Ако некој не сака да им биде пријател- не е нужно. Им требаат само два или три пријатели и семејството во животот.
  5. Понекогаш зборуваат многу и брзо.
  6. Сакаат да си заминат кога ќе се појави таква потреба, без потреба да одговараат на прашања и да даваат објаснувања. Понекогаш мора да исчезнат некаде да ги наполнат батериите и потоа ќе се вратат полни со енергија и оптимизам.
  7. Потребен им е љубовник кој нема да се обиде да го промени нивниот начин на живот и ставовите. Сакаат забавен, отворен и оптимистички партнер.
  8. Секогаш ќе му дадат рака на оној на кој му е потребна помош. Но, ако таа личност те искористи, никогаш повеќе нема да го види
  9. Лесно е да се разговара со нив. Тешко е да се разберат.
  10. Не сакаат да пропуштат добра прилика. Сакаат неочекувани бакнежи во неочекувани моменти.
  11. Се’ додека луѓето ги почитуваат како личности, ги почитуваат одлуките и не се мешаат во нивниот живот, Стрелците се среќни.
  12. Не го прашувајте Стрелецот за мислење ако не сте подготвени да го чуете. Секогаш кажуваат она што мислат.
  13. Што ги прави среќни? Патувањето и чувството на слобода. Не сакаат да се чувствуваат фрустрирано.
  14. Губат трпение кога се опкружени со луѓе или ситуации во кои немаат интерес. Посебно имаат проблем да разговараат со луѓето кои мислат дека знаат се’.
  15. Не очекуваат премногу од луѓе.
  16. Со нив ќе добијат она што гледате. Не постои ништо лажно или неточно.
  17. Најлошата работа која секој може да ја направи е да се сомнева во нивната искреност и верност.
  18. Немаат проблеми со рокови. Секогаш ги завршуваат задачите на време, без оглед што 90% на работата ја обавуваат во ноќ пред истекот на рокот.
  19. Стрелецот е личност со која можете слободно да се однесувате и да тргнете на патување со неизвесна ситуација за да побегнете од секојдневниот живот
  20. Најчестиот страв: да се биде заглавен во иста досадна рутина до крајот на животот.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: