Овој знак на Зодијакот обрнува внимание на физичкиот изглед и стил и има желба да внесе позитивни промени во околината. Ако постои нешто што го карактеризира Биковите, тоа е нивната стабилност и сигурност.
Потполно зрел и развиен Бик е многу стабилна и доверлива личност. Единствен проблем кој има овој хороскопски знак е доаѓањето во таа фаза. Тие привлекуваат внимание со својот изглед каде и да се појават. Изгледаат како храбри личности, но во нив има нежно срце кое го отвораат пред своите сакани. Сакаат храна и многу се амбициозни.
Еве 20 принципи на Биковите:
- Кога се среќни, ќе забележите дека се смеат од срце.
- Понекогаш можат да делуваат безбрижно, но вистина е дека се големи мислители и тоа тврдоглави.
- Нивното мото е: ‘Не зборувај- работи. Не објаснувај- покажи. Не ветувај- докажи го тоа’.
- Само 4 врсти на луѓе ја зборуваат вистината а) деца б) пијани в) лути г) Бикови
- Бикот дава само делимичен поглед на она што навистина се случува во неговото срце.
- Бикот не се однесува на лош начин кога е вознемирен. Има само став со кој повеќето луѓе не можат да се носат.
- Бидете внимателни кога Бикот ќе каже дека ќе направи нешто. Затоа што ќе се случи 100%.
- Нема да се забавува со некој, додека не биде исклучително сигурен дека таа личност е вистинска. Бикот се движи со споро темпо пред да одлучи било што
- Не е можно да се множи со 0 и да се очекува резултат. Бикот е практичен и живее во светот кој веќе постои.
- Ако навистина сте му драги, веројатно постојано ќе ве развеселува со подароци.
- Дружељубиви се, но само со луѓето кои им одговараат или од кои имаат корист.
- Имаат одличен вкус за облекување, како и за се’ друго во животот.
- Никогаш нема да бидат премногу зафатени за да најдат време за луѓето кои им се важни.
- Бикот е со слободен дух и сака авантури, но ако ви каже дека сака да биде сам, оставете го на мир.
- Совршен ден за Бикот е ден исполнет со храна, спиење и водење љубов.
- Се додека не признаете дека сте погрешиле имајте на ум дека комуникацијата со Бикот нема да се подобри.
- Празните зборови за Биковите немаат значење.
- Биковите не се толку сериозни како што изгледаат. Тие имаат своја ‘будалеста’ страна и сакаат да се смеат, само мора да ја откриете.
- Никогаш не се обидувајте Бикот да го направите љубовморен бидејќи ќе ве казни поради тоа и ќе ви се одмазди. Ако ги преминете границите, Бикот ќе ја осмисли осветата пополека и тивко.
- Ако сакате да бидете со Бикот, знајте дека тој е човек на кој му треба физички контакт за да ја почувствува вистинската врска.
Leave a Reply