И’ дадов се’ што не најдов во животот, а без што не можам. Дури и се смалувам пред неа, за да биде таа вечна и јас со нејзина помош. Богато ја дарувам, за да можам да земам. Јас сум осуетен таа е остварена и така сум обештетен.
Таа ми го надополнува изгубеното, и добивам повеќе отколку што сакам да имам. Моите желби беа магличави и растурени, сега се собрани во едно име, во еден лик што е пореален и поубав од фантазијата.
Нејзе и’ признавам се’ што сум јас, а пак ништо не губам, одрекувајќи се. Немоќен пред луѓето и слаб пред светот, значаен сум пред својот продукт, повреден од нив. Неспокоен пред несигурноста во се’, сигурен сум пред љубовта, која се создава сама од себе, зашто потребата е претворена во чувство.
Љубовта е жртва и насилство, нуди и бара, моли и гушка. (…)Поради неа, исклучителна, и луѓето ми станаа поблиски.
‘Тврдина’ – Меша Селимовиќ
Leave a Reply