Погрешните луѓе нема никогаш да ве сакаат на вистински начин

Без оглед колку се трудите околу некој маж и колку го посакувате, ако е тој погрешен за вас, никогаш нема да ве сака на вистински начин.

Тој нема да го разбере вашето срце, нема да ги разбере вашите чувства, колку и да ви значи. Наместо да се најде со вас на половина пат, тој ќе ве турка од себе. Погрешните луѓе не знаат како да се носат со вашите чувства и вашата искреност.

Нема да ги ценат работите што ги правите за нив и со тек на време ќе почнат да ве земаат здраво за готово. Ќе ја заменат вашата љубезност за слабост и со тек на време ќе почнат да ве лажат и несериозно да ве сфаќаат. Погрешните луѓе ќе ви го скршат срцето и нема да направат ништо за да ви помогнат да се излечите.

Погрешните луѓе ќе ви најдат многу замерки. Ќе исчезнат секогаш кога ви се потребни и ќе најдете безброј изговори да не го поминуваат времето со вас. Погрешните луѓе нема да се трудат да останат со вас туку ќе се потрудат да ве откачат.

Погрешните луѓе никогаш нема да ве сакаат на вистински начин, едноставно затоа што тоа не им е намера и веројатно никогаш не ни била.. Можеби им се допадна вашето внимание, им се допадна идејата за вас, сакаа некој кој ќе им ја олесни осаменоста, но не сакаа ништо повеќе од тоа и затоа кога почнавте да сакате повеќе, почнаа помалку да покажуваат.

Погрешните луѓе никогаш немаат намера да ве сакаат, па дури ниту да се обидат. Покрај нив ќе се чувствувате осамено и на крајот ќе заминете кога ќе сфатите дека љубовта кон погрешните само ве повредува. За такви луѓе не вреди да се борите бидејќи тие не се вредни за љубовта која сте во состојба да му ја дадете. Затоа престанете да ја подарувате својата љубов на погрешните и барајте ги оние вистинските кои се вредни за љубов која вие можете да им ја понудите.

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading