Да се има партнер без самодоверба, чиј живот е исполнет со сомнежи и несигурност, страв и празнина и очекување другите да му ја исполнат внатрешната празнина, може да биде еднакво опасно како и пад без падобран.
Кога многумина од нас ќе започнат врска, сакаме да ја направиме среќна, достоинствена и смислена. Сакаме вистински животни партнери, достојни љубовници и зрели луѓе способни за изградба на солидна и сериозна врска. За тоа копнееме со сето срце. Меѓутоа, мора да признаеме дека понекогаш стварноста не е така сјајна и убава.
Несигурните партнери можат да ја саботираат врската. Таквата динамика, кога една личност никогаш не знае што сака, не се вложува себе во врската, се сомнева во се’ и секој е многу честа приказна.
Многу жени започнуваат врска со несигурни мажи веднаш после завршувањето на сложена и турбулентна врска со нарцисоиден партнер. Ќе забележат партнер кој на прв поглед се чини дека не е толку фокусиран на себе, а атрактивен е. Тоа што мислат дека е лесноверен, срамежлив и несигурен, може на почеток да ги привлече. Мислат дека е сосем обичен човек.
Меѓутоа, кога ќе почнат да живеат заедно, забележуваат бројни проблеми и неправилности во својата врска. Секако дека постојат луѓе кои мислат дека можат да ја променат несигурната личност. Сакаат да ја играат улогата на спасител. Но, да бидеме јасни во врска со тоа. Никој не смее да влезе во врска и да се обиде некој да го ‘спаси’ од неговото ниско самопочитување. Никој не е маѓионичар да направи туѓите стравови да исчезнат.
Зошто? Бидејќи не можеме некоја личност да ја промениме преку ноќ. Тоа воопшто нема да можеме. Таков тежок подвиг е нивна одговорност: одговорност на човекот со таква несигурност и секојдневна емоционална незрелост.
Луѓето со нарцизам и екстремно ниво на несигурност имаат слични обрасци на однесување во врска:
- Несигурните луѓе ги карактеризира постојана потреба за одобрување и надворешно признавање. Запомнете ако луѓето не знатт што сакаат, тогаш нивната самодоверба е во опасност.
- Потреба за контрола. Недостаток на лична сигурност често доведува до недоверба, сомнеж и врска со страв од напуштање, неверство и предавство. Затоа ќе има потреба да контролира се’ што прави нивниот партнер.
Првиот чекор кој треба да го превземете за да можете партнерот да го мотивирате на промена е да прифати одговорност. Да сфати дека нивната несигурност создава проблеми во врската.
Запомнете дека мудрата љубов не е превртлива. Оние кои навистина знаат да сакаат, точно знаат за што треба да се грижат и за што треба да се борат.
Leave a Reply