Кога би можела уште еднаш да живеам…

Ова е извадок кој го напиша 85- годишна жена на која и’ се ближи крајот на животот. Бидејќи повеќе нема можност да почнува некои работи од нов почеток, таа одлучи да ја подели својата мудрост:

‘Да можам повторно да живеам, ќе правам повеќе грешки. Повеќе нема да се обидувам да бидам совршена, ќе бидам опуштена, попустлива. Ќе бидам многу похрабра отколку порано на своето патување. Всушност, многу малку работи ми паѓаат на памет кои ќе ги сфатам така сериозно. Ќе бидам полуда и помалку педантна.

Ќе искористам повеќе можности, повеќе ќе патувам, ќе се искачувам на повеќе планини, ќе пливам во повеќе реки. Ќе посетам места кои порано никогаш не сум ги видела. Ќе јадам сладолед и помалку грав. Ќе имам вистински проблеми, а помалку имагинарни.

Знаете, јас бев една од оние кои превземаа превентивни мерки, живеев разумно и здраво. Час по час, ден по ден. Ох, имав свои моменти и да можам повторно да живеам, ќе соберев повеќе такви моменти.

Бев една од оние кои никогаш не одат без термометар, термофор, вода за плакнење на устата, чадор, дебел џемпер. Да можам повторно да живеам, ќе патував полесно, без многу работи.

Да можам повторно да живеам, ќе одам боса во пролет, се до есен. Често ќе се вртам во круг врескајќи, ќе гледам повеќе изгрејсонциња и често ќе играм со децата.

Да, кога би можела повторно да живеам…но не можам.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: