Не си ти ‘премногу’, туку тој не е ‘доволен’

Цел живот ми зборуваат дека сум ‘премногу’- премногу емотивна, премногу лута, премногу барам, премногу сум амбициозна.

Можеби е тоа поради мојата анксиозност или едноставно не се плашам да го кажам своето мислење, дури и кога другите ќе ги вознемири. Но, секогаш се чувствував дека имам посебен дар на луѓето да им создадам непријатност, иако тоа не го посакувам. И навистина, никогаш ниту се обидувам. Само го живеам својот живот. Дали сум јас виновна што некои луѓе се ‘совладани’ во мое присуство, со мојата енергија?

Воглавно помирена сум со својата личност. Ова сум јас: длабоко ги чувствувам работите, никако не сакам површни разговори и не можам да ги поднесам луѓето кои не се 100% автентични. И верувајте ми- имам добар радар за откривање на лаги.

Мојот живот е по малку неуреден; длабоко ги чувствувам работите, многу бргу влегувам во суштината на работите. Тоа некои луѓе ги прави нервозни. Конкретно, мажите ги прави нервозни.

Во нашата култура жените не треба да бидат премногу чувствителни. Треба да глумат ‘cool cure’ и да се преправаат дека е се’ под контрола. Како никој да не ни треба. Треба да не се сакаме себеси и да ни е гајле дали некој друг ќе не ‘ сака или не. Не треба ништо да се зборува во своја одбрана, за да не им биде непријатно на другите луѓе во наше друштво. Не ми верувате? Размислете само за сите зборови погрдни за жените, кои не се придржуваат на правилата кои им се наметнати: кучка, курва, ледена крарица, феминистка, пачавра, лошотилок итн.

Тоа се стереотипи како и сите останати за жената. Светот сака да не’ стави во категории кои не’ тераат да бидеме помалку вредни отколку што сме- помалку заканувачки, помалку моќни, помалку интелигентни, само…помалку.

Ако жената во врска со маж е искрена за она што сака, сигурна сум дека во еден момент ќе добие замерка дека ‘премногу’ бара.

Ви ги повредуваат вашите чувства и ве прават да се чувствувате како да сте сами виновни што сте премногу чувствителни. Ве разочаруваат, а потоа ве обвинуваат дека се обидувате другите да се чувствуваат лошо.

Мажите дури не мора да ни кажат дека сме ‘премногу’ за да го сфатиме тоа. Тоа можеме да го почувствуваме и тогаш кога ќе ни кажат дека ниту тие не се сигурни што сакаме. Ќе го слушнеме тоа кога објаснуваат дека тие сакаат само добро да се забавуваат и не им се зборува за иднината. Ќе го слушнеме тоа кога ќе воздивнат, кога не враќаат на порака и кога ќе кажат дека им треба време и простор повеќе. Вакви пораки темелно ‘ги сваривме’ дури можеме и сами да ги кажеме кога некој ќе не’ отфрли, но и повреди.

Но, што ако наместо да веруваме дека сме ‘премногу’, сфаќаме дека такви мажи, кои за жал ги има многу, едноставно не се ‘доволно’ – доволно самоуверени, доволно сигурни, доволно зрели, доволно храбри?

Бидејќи не се. Секој кој прави да се чувствувате лошо затоа што имате чувства, затоа што се заземате за себе, затоа што имате очекувања во врска или имате високи стандарди е безвредна личност и добро тоа запомнете го.

Нема ништо лошо во тоа што знаете што сакате и што барате. Нема лошо во тоа што понекогаш се ‘ распаѓате’ на ситни делови, бидејќи сте емотивни. Нема ништо лошо во тоа што сте понекогаш слаби. Дозволено ви е да кажете што сакате, дозволено ви е да го смените своето мислење, смеете да се чувствувате лошо и да не се извинувате поради тоа.

Бидејќи можеби сум многу, ама не сум премногу.

Elizabeth Laura Nelson

извор: shesaid.com

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: