Дали живеете во оклоп и мислите дека ништо не ве допира?

Oклопот е симбол на луѓето кои многу страдале. Заштитата која ја бираат за да ја застанат сопствената исцрпеност, да го избегнат повторното страдање и на крајот да не се скршат. Тој е нивниот сигурен механизам, нивниот моментален спас и нивен начин нечујно да му кажат на светот ‘Доста’.

Да се живее со оклоп не ниту малку лесно, бидејќи зад него стои страв од повреда. Најстрашниот страв кој може човек да ги доживее и кој може да доведе до подигање на ѕидови. Но, понекогаш, сите околности не оставаат други опции за најчувствителните и најзагрозените. Животот уморува и исцрпува до таа мера што ве тера да изберете да се заштитите, наместо да ја искусите болката на раната.

‘Нема сомнеж дека вашиот оклоп ве заштитува од луѓе кои сакаат да ве уништат, но ако никогаш не го слечете, тоа исто така ќе ве изолира од единствената личност која може да ве сака.’

Ричард Бах

Животот не е пат кој ви гарантира среќа. Неизвесност, нестабилност и страдање се специфични услови на неговиот пат и со нив подобро ќе се соочиме ако бидеме во состојба да ги предвидиме и да се подготвиме. Никој не е имун на страдање, бидејќи е неопходно да се научи како да се носиме со него, инаку темнината може да не’ голтне.

Управувањето со ударите и зацелувањето на раните не е лесна задача, не можеме секогаш да сметаме на најдобра подршка, алати или стратегии и дури понекогаш не знаеме како да ги користиме. Некои луѓе подобро се носат со разочарувањето или неочекувани настани; другите им дозволуваат да го превземат нивното расположение и конечно постојат и оние кои ќе одлучат да се заштитат за да го ограничат страдањето. Методата која се користи ќе влијае на нивниот секојдневен живот на овој или оној начин.

Меѓутоа, без оглед на тоа како се носиме со страдањето, кога тоа ќе одлучи да остане покрај нас, произведува низа од физички и емоционални последици. Од една страна, тоа не’ заробува, во апсолутен недостаток на мотивација и задоволство, кое иако не го држиме под контрола, може да го поремети нашиот ритам на животот до таа мера што може да не’ одведе во депресија или анксиозност. Од друга страна, тоа физички не’ исцрпува, заморува, ја исцрпува сета енергија која ја имаме. На високо ниво, секрецијата на сератонин се смалува, а количината на кортизол се зголемува.

Секој од нас има свој оклоп, свој одбранбен механизам, свој личен штит да се заштити од болка. Тоа е нормално. На овој или оној начин, мора да го заштитиме својот најделикатен дел и да зајакнеме пред можни закани и неуспеси.

Проблемот се создава кога овие оклопи генерираат. Односно, кога ќе ја превземат контролата над нашите животи и на крајот се претвораат во конзервативен филтер преку кој можеме да го набљудуваме светот. Ѕидовите кои се издигаат не’ изолираат, не само од страдање и неизвесност, туку и од наклоност и било која врста на општествено искуства.

Обидувајќи се да се заштитиме, на крајот се уништуваме себе на таков начин што се заклучуваме на емоционално ниво. Да се обидуваме целосно да се изолираме од страдање е погрешна стратегија која ја повторуваме бидејќи во одреден момент гарантираше опстанок. Затоа бидете внимателни, бидејќи кога користиме оклоп плаќаме висока цена: Стануваме празни одвнатре.

Оваа празнина се преведува во отсуство на емоции, способност да се чувствувате живи и да се поврзете. Затоа не е вообичаено за кратко време да не’ преплави она од што толку се плашевме: Страдање.

Оклопните плочи се несвесни замки, преправени во чувство на заштита и сигурност, кои не’ врзуваат за малаксаност. Покрај тоа, многу е важно да препознаете и да размислите за нашите одбранбени механизми.

извор: :https://lamenteemeravigliosa.it/le-corazze-accarezzando-anima

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: