Овен
Преставниците на овој знак треба да одберат нова цел, но прво треба да стават точка на она што е завршено. Оваа недела, положбата на планетите ќе влијае на вашата духовност и самоосознание што ќе ви помогне да разберете што сакате од животот и да ги промените првобитните планови.
Бик
Некои работи за жал нема да одат по план и се’ може да се расипе во најважниот момент. Астролозите им советуваат на Биковите да не превземаат се’ на себе, туку почесто да бараат помош од партнерот, семејството или пријателите. Во близина ќе има сигурно и такви кои се подготвени да помогнат.
Близнаци
Во следниот период, животот на Близнаците е под влијание на планетите може и драстично да се смени. Најголем виновник за ова е ретроградниот Нептун од 1 декември. Исто така, неповолната положба на планетите и замрачувањето на Сонцето ќе донесе три лоши дена 29, 30 ноември и 4 декември. Овие денови астролозите им советуваат на Близнаците да се посветат себеси, на своите желби и причините за среќа.
Рак
Во следниот период интуицијата ќе ги намести работите подобро од било кога, па со леснотија ќе можете да ги препознаете лагите и измамите. Таа проценка ќе ви помогне не само на работа, туку и во љубовта. Ќе ги почувствувате последиците на многу нерешени прашања, затоа е крајно време да се занимавате за да ја дочекате зимата подготвени.
Лав
Оваа недела ќе биде посебно продуктивна за сите оние преставници на знакот кои не сакаат да седат без работа туку постојано да се во некоја акција. Ве очекуваат многу нови прилики, понуда за работа и нови познанства. Сето тоа може да доведе до возбудлива романса. Важно е само правилно да ја распоредите својата енергија и време за да не изгорите.
Девица
Бидете внимателни во љубовните врски, можно е да добиете ривал или некој кој се обидува да влезе на ваше место. Ѕвездите ви советуваат да не давате гласни ветувања, ниту себеси да си поставувате неизводливи и неразбирливи задачи. Сепак, имате потенцијал за многу повеќе, затоа не се задоволувајте со веќе постигнатото, туку внимателно поставете ги своите следни цели.
Вага
Астролозите предвидуваат дека многу Ваги во наредниот период ќе посакаат да започнат нов живот. Познато е дека овој знак нема среќа со парите, така да оваа недела ќе се соочите со големи финансиски потешкотии. Во љубовта се’ ќе биде стабилно.
Шкорпија
Во текот на оваа недела можни се семејни расправии и судири. Положбата на планетите не е поволна, затоа чувајте се од завери. Бидете внимателни во комуникацијата и бирајте зборови за случајно да не навредите некој кој ви е драг и близок. Време е за акција во секоја смисла бидејќи не треба да има препреки кои порано ве застануваа и плашеа.
Стрелец
Преставниците на овој знак треба што помалку да бидат во допир со негативни луѓе, бидејќи тоа може да им ги поремети плановите, посебно на 29, 30 ноември и 4 декември. На работа се трудите да работите самостојно, што помалку слушајќи ги советите на другите. Доаѓа тешко време кога треба да се чувате од расправии и злонамерни луѓе.
Јарец
Оваа недела астролозите советуваат повеќе да се одмарате, посебно жените кои забораваат да направат пауза. Ако од себе барате невозможно, постигнувањето на успех ќе се претвори во деструктивен процес. Уморот може да доведе до грижи. Помалку размислување за проблемите на кои не можете да влијаете.
Водолија
Преставниците на овој знак можат да се соочат со предизвици помеѓу 29 ноември и 5 декември. Негативните емоции, предизвикани од надворешни фактори, можат во потполност да ве исцрпат, да ви се случи дополнителен стрес и анксиозност. Обидете се да се опуштите што е можено повеќе и неволијте на другите луѓе да не ве потресуваат.
Рибе
Астролозите ги советуваат Рибите да го преиспитаат својот поглед на свет и животните принципи. Ако моментално немате желба радикално да го промените својот живот и понатаму мора да работите на тоа. Промената е она што ќе ги оствари новите желби и новите амбициозни цели. Ако сте во потрага по сродната душа, обрнете внимание на тајните сигнали на телото и на тоа дали се согласувате или не.
Leave a Reply