Луѓето кои постојано се жалат ви ја црпат животната енергија

Способноста за покажување на сочувство и емпатија се сметаат за позитивни кај човекот, но исто така е важно паметно да ги користиме. Ако после разговорот со друга личност се чувствувате исцрпено, мора да размислите дали треба да го промените својот став.

Животот носи многу проблеми. Семејството и пријателите исто така ги имаат, па често сме во ситуаација да слушаме како се жалат на некој или нешто.

Тоа од една страна е природно, бидејќи со тоа луѓето сакаат да се ослободат од напнатост и често им е полесно кога ќе ни се пожалат. Од друга страна, постојаното слушање на туѓи жалби ни штети и ни одзема енергија

Влијанието на негативната личност

Некои луѓе зборуваат за своите проблеми, за да добијат поддршка и совети. А другите- да ја пренесат својата негативност на други луѓе. Треба да научите да ги разликувате.

Можно е луѓето од другата категорија да ве наречат нечувствителен егоист, ако одбиете да ги слушате. Можеби ќе се обидат да ви создадат чувство на вина или нешто друго, така непријатно. Тоа не е страшно. За возврат ќе добиете бран на енергија и чувство на самопочитување, после одбивањето на таа токсичана комуникација

Зошто не треба да слушате жалби?

Затоа што оној кој постојано се жали не прави ништо да го промени својот живот. Тој навикна да биде во улога на навреден. Тоа е психолошки тип, таков му е погледот на свет.

Можете да го сосолушате, но како да му помогнете? Никако. Нему не му е потребна помош, тој само сака да зборува. А разговорот без цел нема никаква смисла.

Жалејќи се, тој потсвесно, а некогаш и свесно, го трга од себе чувството на вина за свој неуспех. На таквите луѓе им треба стручно лице, кој умее да влијае на начинот на размислување.

Никогаш нема да ги решите проблемите на оној кој постојано се жали, бидејќи тој нема намера да ги реши. Никако нема да ја смирите неговата душа со сочувство, бидејќи во суштина не е потребно. Се’ што сака е да ја тргне од себе одговорноста за својата судбина- бара невозможно.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: