Постојат многу погрешни верувања кои ве убедуваат дека со тактики можете да го наведете партнерот да ве засака и посакува. Но, имајте на ум дека со тактики можете да го изгубите својот партнер, посебно ако е во прашање жена бидејќи таа не толерира игрици.
Ова се некои машки грешки со кои ги одбиваат жените од себе.
- Недоволна заштита. Жената е нежен пол и затоа треба да биде заштитена од страна на својот партнер кој е посилен пол. Тоа не мора да значи дека треба да се тепате со било кој, кој ‘некако’ ќе ја погледне вашата сакана, но таа сака вие да се заземете за неа кога некој со неа лошо зборува или лошо се однесува. Кога мажот ќе покаже дека ја штити жената пред другите луѓе, тогаш чувствува дека му е важна и дека има вредност. Ако тоа и’ го скратите можете да ја оттурнете од себе.
- Одбивање на помош. Некои мажи мислат дека ако им угодуваат на своите жени ќе ги наречат папучар. Другите мислат дека жените лесно ќе се разгалат, па не сакаат многу да ги навикнуваат на кралевски ‘третмани’. Но, оние вистинските ќе знаат на својата жена дека треба да им помогнат кога можат и дека секогаш можат да им угодат. Така можете само да ја воодушевите, не правите ништо погрешно.
- Ускратување на емоции. Постојат верувања дека ако на партнерот помалку му давате, тој ќе ве сака повеќе. Тоа можеби може да биде корисна тактика понекогаш, но кога тоа го правите предолго или пречесто ризикувате дека вашиот партнер во потполност ќе се олади. Жените сакаат искрено и не сакаат љубовни игрици.
Leave a Reply