Кога и’ верувате на мислата дека некој треба да ве сака, знајте дека во тој момент почнува болката. Јас често велам: ‘Кога треба да се молам, тоа би изгледало вака: ‘Боже, сочувај ме од желба за љубов, разбирање и почитување. Амин.
Љубов е она што веќе е. Љубовта ништо не бара. Таа е веќе потполна. Таа не сака, не бара. Таа има се’ што посакува, таа е се’ што посакува, токму онака како тоа го посакува. И затоа, кога ќе ги слушам луѓето како зборуваат дека сакаат некој и дека посакуваат да бидат сакани за возврат, јас знам дека тие не зборуваат за љубовта.
Да се бара љубов е начин да изгубите свест за љубовта. Но, можете да изгубите само свест за неа, но не и таа состојба. Таа можност не постои, бидејќи љубовта е она што сите сме.
Љубовта сите ги спојува, безусловно. Таа не избегнува ниту кошмар; со раширени раце го прифаќа и потоа истражува. Љубовта не ја оспорува ниту една воздишка. Ниту зрно песок, ниту честичка прашина.
Таа е потполно во љубов со себе и ужива да се потврдува со своето присуство, на секој начин, без ограничувања. Таа се’ вклучува и сите ги гушка, од убици, силувачи, свештеници, маче и куче.
Љубовта сама по себе е огромна и силна што може да ве изгори. Толкава е што со неа не можете да направите ништо. Се’ што можете е да бидете таа љубов
Бајрон Кети: ‘Дали ми е потребна твојата љубов’
Leave a Reply