Кога ќе стане претешко, кога си немоќен, кога повеќе нема смисла, кога повеќе немаш сила- пушти.
Кога ќе го дадеш својот максимум, а не е возвратено, кога секој следен чекор е чекор поблиску до парадоксот- пушти. Кога нема иднина во тоа, кога нема повеќе убавина ниту радост како некогаш- пушти.
Само- отпушти.
Бидејќи ништо не може на сила. Пушташ и вдишуваш длабоко. Па повторно. И го шепотиш тоа ‘пушти’ кога повторно се заплеткува. Па повторно длабоко ќе вдишеш и ќе продолжиш понатаму.
Низ животот. Најдобро што знаеш.
Leave a Reply