Што треба да научиш кога немаш на кој да се потпреш

– Понекогаш можеш на некој да му објасниш како се чувствуваш, но луѓето можат тоа да го разберат, дури откога истото ќе им се случи.

– Почнуваш да сфаќаш дека на крајот од секоја приказна, само ти можеш да си помогнеш себеси и тогаш, почнуваш активно да ги решаваш проблемите.

– Полесно ти е кога не разговараш за некои работи, бидејќи потсвесно очекуваш друг исход, па многу ќе се разочараш, ако нема да се случи што замисли.

– Сфаќаш кој вистински се грижи, а кој глуми. Во тешките времиња, се познаваат вистинските пријатели.

– Сфаќаш дека некои од твоите вистински пријатели не те познаваат, туку само еден дел од тебе. Со други зборови, те сакаат кога си среќна, но не и кога си тажна.

– Некои луѓе ги ‘разводнуваат’ твоите проблеми, бидејќи сметаат дека не се опасни по живот и затоа нема да те слушаат. Од тие луѓе тргај се што подалеку.

– Почнуваш да бараш одговори во себе, наместо да бараш одобрување и решенија надвор од себе. Тоа значи дека работиш по сопствена проценка.

– Учиш како да бидеш одговорна за сопствениот живот. Ако нешто зафркнеш, ти си одговорна и не ги обвинуваш другите луѓе за својот неуспех. Едноставно учиш како сама да ги водиш своите битки, бидејќи често ќе немаш никој на твојата страна.

– На тежок начин ќе научиш како да се прифатиш себеси. Тешко е кога мислиш дека си сама, а уште потешко кога мислиш дека ти си виновна за тоа. Мислиш дека си лоша пријателка, но, на крајот ќе научиш да не ги сфаќаш работите лично и дека треба да бидеш силна додека си сама.

– Да научиш да се носиш со осаменоста. Да ги гушнеш своите мисли, својата збунетост и стравови. На крајот стануваш непобедлива.

– Почнуваш да сфаќаш дека секој има некоја улога во твојот живот, но некои луѓе имаат помалку важност. Некои се дури привремено во твојот живот и нема да ти бидат пријатели засекогаш.

– Стануваш внимателна кога се во прашање идните врски. Повеќе не си толку доверлива, не се доверуваш лесно. Поставуваш граници, за оние кои сметаш дека не ти мислат добро.

– Понекогаш е подобро на луѓето да не им кажуваш за себе, бидејќи никогаш не знаеш, како ќе го искористат против тебе.

– Сфаќаш дека сама можеш да станеш по падот и не треба да се потпираш на никој.

-Ова е тешка лекција, но најважна. Можеш да преживееш единствено сама, бидејќи некои луѓе само сакаат да те повлечат на дното.

by Рита

Leave a Reply

Up ↑

%d