Mажот може да го излаже разумот и срцето, но не и интуицијата

За жал, многу жени толку ќе се вљубат што не сакаат да видат ништо друго освен сликите кои ги создале во своите глави. Поради тоа често не ги гледаат очигледните работи кои им се пред очите. Има толку многу изневерени жени кои ниту знаеле колку долго нивните мажи ги исмејувале.

Кога срцето ќе заигра разумот почнува да преминува во друг план. Тој почнува да се исклучува и се препушта на срцето да го води. А срце како срце, наивно и лудо не ги гледа потенцијалните проблеми на својот пат. Лесно е да се насамари вљубениот човек. Лесно е да скриете од него она што не сака да види.

Но, не заборавајте на женската интуиција. Некои жени ќе речат дека интуицијата им зборува дека мажот ги изневерувал, но не ја слушаа.

Меѓутоа, тоа што не можевте да најдете проблем за она што интуицијата ви зборува, не значи дека тој не постои. Запомнете дека интуицијата ви укажуваше дека постои. Запомнете дека интуицијата доаѓа од вашиот мозок, а не од некој хир. Вашиот мозок ја истражува вашата околина секоја секунда, ги истражува луѓето и туѓите однесувања, а вие тоа не можете да го забележите.

И кога вашиот мозок ќе почувствува дека нешто не е во ред, тој ви праќа узбуна во вид на интуиција. И тоа не е нешто што треба да се занемари. Значи интуицијата е добро изанализирана информација која покажува дека нешто не е како треба. Кога ќе се појави добро истражете ја.

Кога ќе ви биде сомнително однесувањето на вашиот партнер и кога интуицијата вели дека нешто не е во ред, тоа не мора да значи дека ве изневерува, туку дека прави нешто што не ви кажува. Не мора веднаш да го обвините туку прво истражите во што е проблемот.

Во повеќето случаеви кога интуицијата вели дека вашиот партнер лаже големи се шансите дека е вистина. Бидејќи вашиот мозок ја познава таа личност подобро од вас. Тој добро го анализира.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: