Љубовта не е само она што го чувствувате кон својот партнер, тоа исто така е чувство кое партнерот ви го дава. Љубовта треба да биде опуштена, но треба да исполнува два глави услови:
1. Врската секогаш треба да биде пријатна: да нагласиме Секогаш. Ако од првите моменти на познанство чувствувате леснотија во комуникацијата и удобност во присуство на вашиот партнер, бидете сигурни дека го пронајдовте ‘својот’ човек.. Запомнете, љубовните односи не треба да бидат емоционално тешки.
Ако вашиот партнер ментално ве исцрпува бидете подготвени да размислите што понатаму со тој однос бидејќи тоа дефинитивно не е добро опкружување ниту за еден од вас двајцата. За да сфатите треба да се воздржувате пред него, да се слушате себеси и својата потсвест. Поставете си прашање: ‘Дали ми е пријатно со оваа личност?’ ‘Дали сум под стрес кога сум со него?’ Дали морам да се контролирам или да ги кријам своите емоции пред него?’ Извлечете заклучок во зависност од одговорот кој себеси ќе си го дадете.
Да, во секоја врска има расправии. Но, ако вашиот однос со партнерот е еквалитетен, секогаш ќе се борите за смирување и стабилност во вашиот однос, дури и во врме на криза. Во здрава врска нема да се чувствувате исцрпено и нервозно штом вашиот партнер ќе проговори.
2. Врската мора да ве прави среќни. Ако вашиот партнер не ве прави среќна личност, зошто тогаш ви треба? Колку и да е клише, главниот показател на квалитетен однос помеѓу маж и жена не е удобност, туку радост. Врската треба да биде позитивна за двајцата.
Ако личноста ви одговара, тогаш покрај неа ќе бидете секогаш среќни. Чувствувате потреба да бидете повеќе со својот партнер, бидејќи треба да биде сјајно чувство во вас- тоа е љубов.
Leave a Reply