Животните принципи по кои живеат Рибите

Рибите се добри слушатели. Тие ќе слушаат се’ за вашите проблеми и ќе ви ја понудат својата поддршка. Можете да сметате на нив, тие никогаш нема да ви го свртат грбот. Имаат природен дар да ја извлечат вистината од луѓето. Тие се како тетоважи- кога еднаш ќе го допрат вашето срце, стануваат дел од вас. Силни се и вистински борци. Иако изгледаат кршливо и зависно, суперхерои се интерно. Нивната најголема моќ е сочувство.

Еве 20 принципи по кои живеат Рибите:

1. Тешко им е да се преправаат дека не им е важно кога се загрижени вистински.

2. Можат да ги откријат чувствата кои сакате да ги скриете со еден поглед.

3. Обично не се расправаат, но и ако влезат во расправија, тоа е поради силна и важна причина.

4. Не ги поднесуваат луѓето кои ги присилуваат да се отворат пред да бидат подготвени. Имаат проблем со луѓето кои ја злоупотребуваат нивната добрина и однос.

5. Ако нема доверба- нема врска, нема пријателство.

6. Кога еднаш ќе го изгубат почитувањето кон личноста, многу е веројатно дека уште повеќе никогаш нема да веруваат, без оглед на тоа што таа ќе каже или направи.

7. Не се плашат да направат големи промени во животот за да го следат патот кое срцето им го покажува.

8. ‘Стари’ се души.

9. Повеќе сакаат силен партнер кој им дава поддршка и ја исполнува потребата со нив да се чувствуваат сигурно.

10. Ако расчистат со некоја личност, тоа е засекогаш. Исчезнуваат без најава и без објаснување.

11. Не им е гајле како некој изгледа. Важно им е да знаат дали можат да се спојат на подлабоко ниво.

12. Не им газете по нерви. Иако оставаат впечаток на смирени личности, кога ќе се налутат стануваат опасни.

13. Не мразат никој освен оној кој многу ќе ги повреди.

14. Немаат желба ниту волја за расправање, па често ги оставаат луѓето да мислат што сакаат, наместо да се заморуваат со кавги.

15. Од такт ги вади ако некој сака нешто да каже, а потоа се предомисли.

16. Многу сакаат и не посакуваат ништо помалку за возврат. Мора да чувствуваат љубов, а не само да слушаат дека постојат.

17. Нивните тајни вештини се истражување, пратење и пронаоѓање на она што бараат. Добри се детективи и никој не може ништо да сокрие од нив.

18. Не сакаат да бидат под притисок и да се чувствуваат подредено.

19. Кога ќе кажат: ‘ Знам како се чувствуваш’ навистина тоа го мислат.

20. Нивното скршено срце седи во кафез. Треба да се појави посебна личнист за да можат повторно да го отворат кафезот.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: