Секој кој некогаш не’ повредил или изневерил, еден ден ќе се соочи со исто. Тоа не е карма. Тоа е правда на човечкиот живот. Сите страдаме. Можеби некој повеќе од другиот и тоа ни се чини неправедно, но, животот ќе го примора, секој од нас, да се помачи и тоа во моменти кога најмалку очекува.
Се’ изгледа добро и наеднаш тргнува се’ однопаку. А тогаш и уште нешто. Почнува очај, тага.
Најтешката работа во такви тешки моменти, е да се остане присебен и да се делува рационално. Ако причината е во друг човек, ние копнееме за освета. Сакаме да плати, со иста таква монета и да му биде исто така болно. Чекаме кога ќе стигне наплатата, кога самиот живот со него ќе се пресмета.
А кога тоа нема да се случи, ќе бидеме разочарани. Како се’ да е против нас. Но, тоа не е така. Животот носи се’ на свое место. И еден ден, во најлош можен момент, на најлош начин, она што тој човек ви направил, ќе му се врати на начин, кој тој не може да го разбере.
Ова е едноставен енергетски факт. Добиваме она што вложуваме во овој свет. Наречете го случајност, карма, на крајот на краиштата човекот добива она што дава. И еден ден тој човек ќе добие она што заслужува- на работа, во друштво, во семејство. И кога конечно ќе се почувствува беспомошно и скршено, исто како што другите ги направи да се чувствуваат, ќе ја прими својата наплата.
Знаете која е разликата меѓу вас и него? Личниот раст. Лошите луѓе ги повредуваат другите, бидејќи никогаш не учат од сопствено искуство. А вие растете, додека страдате од истата болка која ви ја нанесуваат. Тие нема да знаат како ќе се носите со неа. И тие ќе се кршат, додека вие ќе ги собирате своите парчињата и повторно ќе се родите од пепел.
Не мислете дека оние кои ве повредиле, никогаш нема да доживеат слично. Не верувајте, дека универзумот ќе се сврти против вас, а нив ќе ги носи на раце.
Само учете од своето искуство кое животот ви го дава. Живејте ја болката, земете од тоа добро и станете, поздравете се со оние кои свесно ве повредија….Еден ден ќе го доживеат истото.
извор https://lifedeeper.ru/post/376-bol-kotoruju-vam-prichinili-vozvratitsja-obratno/
Leave a Reply