Зошто некои од нас болката ќе ги претвори во ангели, а некои во ѕверови?

Некои од нас болката ќе ги претвори во ангели, а некои во ѕверови..Некој ќе се преобрази преку разбирање и раст, а некој ќе го окова своето срце со мраз и ќе и’ дозволи на горчината да го совлада…па изгледа злобно, а всушност е само длабоко несреќен.

Иста, скроз иста животна ситиација може потполно спротивно да делува на различни луѓе. И делува. А од што тоа зависи? Секогаш од нас. Бидејќи предизвиците во животот се тука и некој на нив ќе гледа како на прилика за раст и развој, а некој ќе ја проколнува судбината.

На кого ќе му биде полесно во сето тоа? Гледам околу себе и сведочам како годините кои поминуваат не’ обликуваат. Стануваме како вино, или совршен пијалок или киселина. Или нешто чудно измеѓу. Некои луѓе ги поминуваат животните препреки, а при тоа растат и напредуваат, нивната енергија е опиплива, а ставот чудесно неверојатен!

А некои се фрустрираат од најмала ситница, собираат навреди, болка и горчина огромна. На крајот ги прекрива и ги јаде сами по себе. Има такви луѓе во зрели години на кои веднаш ќе почувствуваш и ќе видиш дека биле задоволни во животот и среќата секогаш ја пронаоѓале во себе и во се’. А има и од оние другите од кои зрачи бес и цел свет им е виновен за нивното незадоволство. И сите треба да се променат, за тие да бидат среќни. А тоа не оди така.

Не можеме да влијаеме на никој, туку само на себе. И нашиот поглед на некој или нешто е работа на наша одлука. А слободата да смениме она со што не сме задоволни е секогаш во нашите раце. Бидејќи прво ги менуваме нашите мисли и емоции во врска со тоа, нашиот поглед на ситуацијата, а потоа се отвора и нова врата, нов избор.

Затоа, не чекајте премногу, годините ионака ќе поминат. Времето ќе го направи своето. А јас ви посакувам, во староста да наздравите со чаша врвно вино, исполнети, насмеани и среќни и задоволни со себе. Се’ што носи горчина, туркајте подалеку од себе.

by Ива

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: