Кога се чини дека анксиозноста никогаш нема да престане

Самото размислување за тоа го забрзува чукањето на срцето. Тоа е нешто природно или разбирливо. Општеството не’ научи да бегаме од стравот наместо да го прифатиме. Најмногу од се’, научивме да го избегнуваме стравот, дури и ако знаеме дека тој ќе се манифестира или не.

Тоа чувство, кое често го нарекуваме ‘негативно’, секогаш е присутно. Колку и да се обидувате да го потиснете, тоа е невозможно, бидејќи игра важна улога во вашиот опстанок: стравот ве става во состојба на приправност и ве прави подготвени да одговорите на можни опасности.

Пред илјада години стравот бил многу корисен кога луѓето редовно биле изложени на вистински опасности. Денес, меѓутоа, обично живееме многу тивко и нашите стравови значајно се променети. Толку многу што вашата инстиктивна борба или однесување стана речиси бескорисно. Со други зборови, во оние ситуации во кои навистина сте загрозени, помалку е веројатно дека ќе се плашите. Но, во оние кои не го загрозуваат вашиот телесен интегритет, станувате болни од страв.

Понекогаш дозволуваме стравот да не’ парализира. Тоа пред илјада години би укажувало на некоја голема опасност. Затоа стравот и служи да делувате веднаш, наместо да бидете мирни и мудро да го менувате курсот.

Промената ве тера да растете

Стравот нема никогаш во потполност да исчезне, бидејќи секогаш ќе биде промена во вашиот живот. Вашиот страв станува проблем кога се криете позади него. Со други зборови, ако останете во зоната на удобност без подготвеност на ризик, без да пробате да го ризикувате своето моментално чувство на сигурност.

А потоа почнувате да мислите какви можат да бидат ‘ужасите’ кои можат да ви се случат, иако во стварноста никој не знае што ќе донесе иднината. Со тек на време почнувате да се чувствувате безживотно, како да немате повеќе цели во животот. Да, убаво е и сигурно во вашата зона на удобност. Во исто време, овде преземате пасивен став. Причината е дека се чувствувате добро таму. Но, исто така можете да се чувствувате дека трчате низ времето и ги пропуштате приликите.

Луѓето кои се плашат од промени често им завидуваат на оние кои ризикуваат и постојано ја напуштаат зоната на конфор. Дури и ако го истресете стравот од себе, тој никогаш нема да исчезне. Кога на патот ќе ве пречекаат вашите стравови, запомнете дека сите ваши желби се на другата страна од стравот. Дали сакате навистина да се откажете од вашите соништа?

Ако стравот ве парализира, не размислувајте долго- делувајте! Штом чувството на страв почне да ве парализира, мора да престанете да размислувате за него. Вашиот ум е многу моќен. Блокирајте ги тие мисли и само делувајте без размислувања.

Бидејќи стравот нема никогаш да исчезне, подобро е да биде ваш сојузник. Стравот може да ви помогне во совладување на препреките и да сфатите дека имате повеќе можности. Запомнете дека вашите стравови сеуште се присутни дури и ако се движите напред и растете. Меѓутоа, мора да почнете да ги користите своите стравови во своја корист за да добиете она што сакате.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: