Се’ што ќе оди од тебе, шутни го да оди подалеку…

Највредните работи во животот доаѓаат кога ќе престанеме да се оптеретуваме со неважните. Лесно е да се каже, но како да се живее?

Чувствуваме како е тешко кога ќе сфатиме дека сме врзани со ланци за она што во нашиот живот нема никаква улога. Колку може да ја промени нашата иднина, тоа што некој нешто мислел или рекол за нас?

Дали нашата иднина зависи од сликата која ја имаме во туѓите очи или она што сами ќе го направиме, преземеме, рескираме, направиме чекор во непознато?

Колку треба да поседуваме за да бидеме среќни? Колку луѓе треба да не’ подржуваат и аплаудираат за да имаме потврда дека вредиме? Можат и сите на светот, но ако во нас нема чувство на самопочитување и вредност, нема ништо да добиеме.

Можеме да имаме се’ на светот, но ако внатрешната желба не знаеме да ја смириме, ќе се гушуме во работи кои ќе ни го земат животниот простор и ќе оставаат празнина. А потребно е малку, само да се направи листа на приоритети и на се’ друго што не ни припаѓа и едноставно да се каже: ‘Одбивам да им робувам на работите, кои ми ги наметнуваат другите’.

Одбивам да влегувам во луда трка на споредување, кој е на подобра позиција и кој има повеќе, бидејќи никој не знае дали ќе го доживее утрешниот ден. Сакам само да научам да уживам во мали работи кои ми го веселат срцето, разговор со пријател, читање на омилена книга во тишина, насмевка на детето или самиот факт што утрово се разбудивме здрави.

Секој ден од својот живот, треба повторно да се потсетуваме, на оние илјада работи кои навистина, не можат да ни донесат внатрешен мир и исполнување, а редовно да вежбаме простување, бидејќи тоа е важно за продолжување на заедничкиот живот.

Малку да се истанчи егото, а да се зголеми трпението, сочувството, истрајноста, доследноста и силата на волјата. Помалку да се гледа на она што било, а малку повеќе во она што сакаме да биде и во тоа да се вложува својата сила.

by Рита

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: