Животните принципи по кои живеат Лавовите

Штом некој ќе ги повреди, комплетно се затвораат во себе и стануваат бесчувствителни. Тие имаат гордост и не прават ништо со што не се согласуваат или е во спротивност со нивните верувања и морал.

Во односите со другите не се неучтиви, туку искрени. Кога ќе остават некоја личност зад себе, таа личност за нив е сосема во минатото и не сакаат да имаат ништо повеќе со неа. Лавовите имаат способност да бидат слатки и шармантни кога тие сакаат, но многу бргу можат да ја ослободат својата бестрашност и да станат немилосрдни.

Еве 20 принципи по кои живеат Лавовите

1. Ако сакате да ме запознаете, дајте си време. Внимателно ги селектирам луѓето со кои ќе го поминувам времето.

2. Нешто што не сакам да чујам е: „Тргни се, јас ќе го средам ова.“ Според мене, ако некој треба да е главен, тоа ќе бидам јас. 3

. Дефинитивно сум социјален тип на човек, но само неколку луѓе ги сметам за вистински блиски.

4. Не сакам форсирани муабети, форсирани врски и форсирани пријателства. Едноставно не сакам форсирани нешта. Ако не сме на иста бранова должина, не сме, тоа е, продолжуваме понатаму.

5. Не се плашам од неуспех и планирам да успеам по секоја цена.

6. Не сакам да ги разочарувам луѓето, па затоа често им велам „да“ дури и кога реално сакам да кажам „не, нема шанси!“

7. Можам да се заљубам во личност во која никој не би очекувал тоа да се случи. Тоа е така бидејќи често можам да видам страна на луѓето што останатите не можат да ја видат.

8. Моите правила се едноставни: Почитувај го моето време. Цени ми го трудот. Држи си го зборот. Секогаш биди искрен. Остани доследен.

9. Сакам да добивам внимание само од личности што ми се допаѓаат. Другите луѓе не ми се важни.

10. Кога е потребно, знам да сум нежен/на, но ако ситуацијата бара нешто сосема друго, без проблем станувам непокорлив/а.

11. Можам да им давам совети на другите луѓе и да им ги решавам проблемите. Единствено не знам како да си го средам сопствениот хаос.

12. Кога некој ќе ме извади од такт, го убивам во глава барем едно три пати.

13. Потребна ми е врска во која јас и личноста која што е со мене заедно ќе се бориме против светот. Таа личност ќе ја разгалувам до бесконечност.

14. Ако ме познавате ќе оставам печат на вашиот живот. Без разлика дали ќе биде добар или лош, со сигурност нема да ме заборавите.

15. Ако повредите некој мој близок роднина или пријател, ќе дојдам да си го наплатам долгот.

16. Не сум љубоморен/на, јас сум територијален/на. Љубомора е кога сакате нешто што не е ваше, територијалноста значи заштита на нешто што веќе го имате.

17. Не простувам лесно. Штом штетата е веќе направена, тешко дека ќе има назад од тоа.

18. Имам весела природа и добро срце, но одвреме-навреме морам да ја прикажувам мојата силна страна за да не им дозволам на другите да ме заплашуваат или пак уште полошо, да ме искористуваат.

19. Она што за другите е претерано однесување, за мене може да биде однесување соодветно на ситуацијата.

20. Перфекцијата е недостижна, но ако се стремиме кон совршенство, можеме да стигнеме до извонредност.

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading