Голем годишен хороскоп за Бик 2022

Родените во знакот на Бик имаат тврда глава и меко срце. Тие се од една страна рационални и практични, со изразена смисла за материјални вредности. Меѓутоа, другата страна на природата на Бикот е многу чувствителна, романтична и сентиментална.

На прв поглед овие две спротивности се неспоиви, но на Бикот му е потребна сигурност за да се опушти и да му дозволи на емоциите да се разгорат. Бикот е импулзивен, многу трпелив и внимателен, но затоа е истраен во своите намери.

Ако сте невработени, на почетокот на пролетта и есен ќе добиете поволни вести во врска со работата. Исто така, имате големи шанси кога е економскиот живот во прашање. Посебно оние кои се вработени во јавниот сектор каде можат да очекуваат напредок. Од крајот на мај до јули и во септември, можно е зголемување на вашите приходи.

Искористете ги погодностите на најдобар можен начин кога вашиот економски прогрес е во прашање, што ќе ви донесе и извесна растеретеност во животот. Без оглед на се’, ви се советува повеќе да штедите, за да имате пари ако дојде до непредвидени загуби, што е можно во јули и ноември, бидејќи можно е да дојдете во ситуација да трошите пари на разни луксузни работи, како и на далечни патувања во странство.

Оние кои се занимаваат со учење можат да очекуваат награда од Сатурн за вложениот труд оваа година, така да фокусот треба да биде во работа. Во спротивно, резултатите можат да бидат променливи, бидејќи почетокот на годината може да биде слаб за вас. Затоа е потребно посебно да се погрижите за вашите студии во овој период. Најмногу успех ќе имате во период од април до јуни.

Во семејниот живот работите можат да бидат малку неповолни, бидејќи се можни некои тензии на почетокот на годината, каде може да дојде до некои стресни ситуации, посебно во фебруари. Можеби од вашето семејство нема да добиете поддршка, што ќе ве направи по малку депресивни, но главата горе. Гледајте да ги надминете расправиите и препреките со членовите на семејството и брачниот партнер, а веќе во март ситуацијата ќе биде многу подобра.

Кога се работи за здравјето, мора да посветите посебно внимание за да ги избегнете евентуалните проблеми. Обавезно обрнете внимание на здравјето на вашите родители кон средината на годината. Транзитот на Марс ќе ви донесе некоја врста на ментален стрес во текот на овој период и можете да почувствувате недостаток на добро расположение.

На професионален план ќе има подобрување. Ќе бидете задоволни што вашите заслуги ќе бидат препознати и признати, така да ќе бидете полни со енергија и самодоверба и ќе почнете да планирате нови проекти и да воспоставувате нови професионални контакти со луѓето околу вас.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: