Обично жената кога ќе се вљуби во мажот, му го посветува сето свое слободно време, но како да се натера и тој да се однесува на ист начин? Овие неколку совети можат да ви помогнат
1. Не трчај по него. Сигурно веќе сте слушнале и знаете дека мажите не сакаат кога нешто ги терате или им правите притисок. Од такви жени мажите бегаат. Мажите сакаат да го имаат главниот збор, сакаат да бидат главни и се’ да контролираат. Мажот сака да освојува, а не обратно. На мажот треба да му покажете колку вредите и дека нема да трчате по него. Покажете дека имате живот надвор од врската и дека можете да правите што сакате.
2. Покажете дека не сте само убави. Убавината само накратко ќе го задржи мажот во ваша близина, затоа мора да му ја покажете својата интелигенција. Зборувајте му за својата работа, своето хоби, поставувајте му прашања и замолете го да ви зборува за работи кои тој сака да ги прави. Вашата подготвеност да научите некои нови работи од него, ќе ја покаже и вашата интелигенција.
3. Откажете се од расправии. Не се расправајте поради ситници. Па што ако заборави на вашата омилена боја и слични работи, зошто да се расправате за тоа? На мажите ќе им досадат расправиите и правењето проблем од ништо.
4. Не се преправајте дека сте нешто што не сте. Често на почетокот на врската, склони сме да се прикажуваме во она што не сме само за да оставиме впечаток. Мажот можете да го освоите само кога сте вистински.
5. Флертувајте. Не треба да бидете очајни и наметливи, ама од време на време флертувајте со својот маж.
Бидете тука кога сте му потребни. Секогаш е важно на својот маж да му бидете поддршка кога му е потребна. Слушајте го внимателно и покажете интерес за она што го мачи.
Leave a Reply