Зошто мажите раскинуваат со ‘совршените жени’?

Убавината и добрината никогаш не се доволни за да се задржи фраерот покрај својата половина и некои други работи го влечат да направи промени и да тргнe по друг пат. Причини има неколку, а ова се три најчести.

Се плашат дека пропуштаат нешто

Совршената девојка е одлична, но исто така може бргу да досади. На мажите секогаш им треба некој предизвик, па дури и ако се силно задоволни од сопствената девојка, често ќе тргнат во погрешен смер и бараат компликации таму каде што ги нема. А велат дека жените тоа го прават. Неточно.

Сакаат да ги импресионираат пријателите

Колку и да звучи незрело, токму оваа причина остава многу жени со скршено срце. Мажот може да биде сосем задоволен во врска, но ако пријателите цело време му сугерираат дека мора малку да гледа наоколу и дека има уште време да се скраси, не е исклучено дека ќе ги послушаат, дури и ако прават против себе.

Бидејќи жените премногу ги ‘гњават’

Ова не се однесува само на жени кои постојано приговараат околу ситници, туку и на фактот дека од мажот секогаш се очекува најдобро. Очекуваат дека ќе станат подобри личности, дека покрај нив ќе се променат, дека ќе се откажат од себе за да бидат среќни.

извор: atvbl.com

Leave a Reply

Up ↑

%d