Кога некој кој не те сака ќе замине, ти ништо не изгуби..

Кога бев девојче мојот најголем страв беше дека ќе ги изгубам луѓето кои ги сакам. Сите материјални глупости и губење на работите кои со пари можат да се купат, ништо никогаш не ми значеле. Ме болеше кога ги губев луѓето. Ме болеше кога луѓето ќе ме повредат. Ме болеше кога луѓето си заминуваа. Од мојот живот или од овој свет.

Кога бев дете мислев дека можам тоа да го спречам и контролирам. Мислев дека луѓето секогаш ќе останат, ако ти доволно силно посакуваш да бидат тука. Така најчесто ги бркаш луѓето од себе. Девојчињата тоа не можат да го разберат. Жените тоа веќе треба да го знаат.

Мразам љубомора. Таа покажува недостаток на доверба во дуга личност. Таа укажува на завист. Таа е едно приземно и примитивно чувство. Љубовта е едно прекрасно чувство. И се додека има љубов, тој некој за кој трепериш ќе биде твој.

Кога некој кој не те сака ќе замине, ништо не изгуби. Кога некој те лаже, тој не те сака. Кога некој сака некој друг повеќе од тебе, сосем е во ред да си замине. Повеќе поради тебе, отколку поради него. Зошто воопшто сакаш да бидеш утешна награда за некој? Зошто сакаш да биде со тебе бидејќи е пријатно. Бидејќи навикна.

Кога не се одвојуваш од него, тоа нема да ја избрише од глава некоја друга жена, ако е таа тука. Веројатно е дека во еден момент навистина и ќе му се смачи твоето однесување.

Љубомората е одраз на несигурност. На љубоморната личност со која си во врска и’ кажуваш дека немаш доверба во неа. Како тогаш можеш да бидеш интимен со личност на која не и’ веруваш? Покрај која се чувствуваш нервозно. Како можеш да делиш љубов со некој за кој мислиш дека може да те предаде?

Љубовта е сјајна. И некогаш ќе се случи многу работи што не ги очекуваш. Некогаш одеднаш ќе им се случи нешто на луѓето за кои мислеше дека ти припаѓаат тебе. Она на што можеш да се надеваш е дека оној кој вчера те сакаше, ќе има сила тоа да ти го каже. Дека ќе умее и смее да биде среќен со оној кој го сака.

Ние луѓето премногу комплицираме едноставни работи. Не одлучуваме ниту ти, ниту јас кого ќе го сакаме. Тоа е некој чуден сплет на околности од кои срцето забрзано ти чука или глупаво се смееш. Не одлучуваме ниту ти, ниту јас покрај кој ќе посакаме да се будиме. Кој ќе не’ сака.

Оној кој те сака нема никогаш да си замине. Тоа е толку едноставно. Дали ти некогаш би заминала од некој што го сакаш?

Никогаш нема да се согласам да бидам на второ место на некој кој го сакам. Никогаш нема да очекувам дека во неговиот живот ќе бидам на единственото место. Само на она посебното. Малку поинакво. Она еднинствено кое никогаш нема да ми го скрши срцето.

Јелена

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading