Сензитивни и со одбрамбени став во емотивниот живот.. Под влијание на својот владател Месец, Раковите се чувствителни, романтични и интуитивни. Таа интуитивност и пречувствителност ги води низ животот помагајќи им при проценката на разни ситуации и луѓе. Ракот не превзема ништо ако претходно не се увери во сигурноста на потфатот и кога ќе ги согледа евентуалните последици. На некој начин тој е постојано заокупиран со својата егзистенција.
Многу го почитува својот дом, семејството и своите блиски, трудејќи се себеси и нив да им осигура стабилен живот. Во семејниот живот можни се расправии со вашиот брачен партнер, но без оглед на се’, ќе останете верни на вашата врска и ќе успеете да се соочите со сите предизвици кои ќе се најдат пред вас. Посебно внимание во вакви ситуации кон вашите деца. Ако имате деца, ова може да биде време кога ќе развиете еден поцврст однос со нив и ќе се вклучите повеќе во нивниот живот, без оглед колку години имаат.
Кога станува збор за љубовта, добар период ќе биде на почетокот на годината, посебно февруари, средина на март и април, мај и август. Оваа година ќе има време во кое и двајцата партнери ќе научат како да бидат лојални, како да се почитуваат еден со друг и како да ја зајакнат врската. Ако сте сами, оваа година можете да запознаете некој посебен, бидејќи ќе бидете вистински магнет за спротивниот пол. Ако сте веќе во врска, оваа година ќе барате повеќе од вашиот партнер.
Во оваа година нема да бидете задоволни со мали работи. Ќе имате доволно волја, ентузијазам и сила работите да ги смените во ваша корист. Пукате од самодоверба и тоа ќе се види по вашите резултати. Ќе можете да пронајдете одлична рамнотежа помеѓу дружењето и осаменоста во која знаете да побегнете за да размислите и да соберете енергија. Кога сте расположени за дружење, ќе уживате во друштво, а кога треба да бидете осамени, ќе уживате во мирот во својот дом.
Оваа година може да се појави неочекувана прилика во вашата кариера, најверојатно во текот на мај или јули. Пред да ја прифатите, добро земете во обзир се’ што може да донесе ваква промена. Очекувајте и надевајте се дека ќе ви помогне токму тогаш кога ви е најпотребна.
Leave a Reply