Луѓето се малку чудни. Кога некого не разбираат, тие почнуваат да измислуваат разни приказни.
Ако некои свои услуги ги давате бесплатно, другите можат да кажат дека така само ги залажувате луѓето за подоцна скапо им ги наплатите своите услуги. Ќе кажат дека само сакате да манипулирате со луѓето за да постигнете некои свои скриени цели.
Ако му помогнете на стариот сосед, луѓето веднаш ќе почнат да зборуваат дека сакате да го искористите за да ви го остави станот, ако зедовте дете од дом за напуштени деца, повторно ќе речат дека гледате само некоја своја корист.
Ова е сосем вообичаена работа во нашето општество, луѓето кои ништо не знаат за вас или не ги разбират некои постапки, сами да смислуваат приказни за вас кои нив им одговараат.
Многу луѓе ќе ве сметаат за ‘чудак’, бидејќи не го разбираат она што го правите. Ќе измислат многу приказни. Но, ваше е да не обрнувате внимание на лошите мисли кои другите ги ‘фрлаат’ по вас.
Штом сте поинакви, луѓето тешко ќе ве разберат и почнуваат за вас да шират разни нелогични гласини и приказни.
Leave a Reply