7 Будистички учења за хармоничен живот

Не мора да практикувате будизам за да ја разберете мудроста на будистичките учења. Она што е многу поважно е ментално да се отворите и да бидете подготвени за промена.

1. Болката е неизбежна, но страдањето не е задолжително. Секогаш имајте на ум дека може да ве повреди само она на што му давате голема важност. Обидете се да избегнувате да им давате важност на луѓето и ситуациите кои воопшто не се важни за вашиот живот. Ова учење помага да научите да практикувате одвоеност кога е потребно. Кога ќе научите да бидете рамнодушни кон одредени ситуации кои не ви се важни, ќе можете да ја избегнете непотребното внимание.

2. Живејте во моментот и бидете среќни. Многу луѓе гледаат во минатото или премногу се грижат за својата иднина што ги спречува да живеат во сегашноста. Мора да научите да живеете и да уживате во сегашниот момент бидејќи е тој најважен.

3. Телото и умот се поврзани, затоа мора да се грижите за нив. Многу луѓе на умот и телото гледаат како на две одвоени работи, а забораваат дека умот и телото се поврзани. За да постигнете вистинска самодоверба, мора своето тело и ум да ги набљудувате како целина и мора да водите сметка за нив. Само така ќе бидете задоволни и емоционално исполнети.

4. Запознајте се себеси и своите средства. Ако сакате да постигнете внатрешен мир, мора да бидете свесни за својот потенцијал. Секоја личност има различни способности и различни цели, а средствата со кои располагаме ни помагаат да растеме како личности.

5. Не ги оптеретувајте другите со своите проблеми. Кога еднаш ќе научите да се разберете себеси и своето битие, ќе ви биде полесно да препознаете што е тоа што ве мачи. Само тогаш ќе престанете да ги оптеретувате другите со проблемите и работите што ве мачат.

6. Богатство не е кога имате многу, туку кога сте задоволни со мали работи без потреба за претерано трошење на материјални добра. Ако сакате да постигнете рамнотежа во својот живот, мора да научите да живеете само со она што навистина ви е потребно.

7. Заборавете го она што го знаете, за да дознаете кои сте. Секоја личност од своето раѓање константно учи нови работи, а како нашите уверувања растат, така се формира нашата личност. Од време на време е важно да се преиспитаат нашите уверувања за да растеме како личности, за да го промениме својот поглед на свет и да се ставиме на местото на другите.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: