‘Ти си промашување, за ништо не те бива’ – фрази со кои токсичните луѓе влијаат на вашата самодоверба

Некои луѓе со своето токсично однесување се обидуваат да ја обезвреднат и срушат нашата самодоверба. Освен што манипулираат, ги осудуваат другите, тие не се воздржуваат да навредуваат и да изговараат грди зборови. Тие со своите зборови свесно сакаат да ги навредат другите, да предизвикаат несигурност кај луѓето и да ја рушат нивната самодоверба.

Ако во своето опкружување имате токсична личност многу е важно нивните зборови да не ги земате на срце. Тие сакаат само да ве искористат за да го нахранат своето его и сакаат да изгледаат супериорно. Токсичните личности често користат 6 фрази со кои сакаат да ви наштетат.

1. ‘Премногу си драматичен’. Токсичните личности на овој начин сакаат да ви наметнат чувство на вина и да ве убедат дека сте сами виновни за ситуацијата во која се најдовте. Тие често знаат да го прават тоа намерно и не чувствуваат грижа на совест.

2. ‘Немаш појма што зборуваш’. Токсичните лучности на овој начин сакаат да покажат дека се супериорни и попаметни од вас. Со овие зборови воглавно сакаат да им наштетат на својот соговорник и да го понижат. Ова е исто еден од начините на кој сакаат да побегнат од своите проблеми.

3. ‘Ти си за се’ виновен’. Иако можеби не направивте ништо лошо и не погрешивте некаде, токсичната личност ќе се обиде да ве убеди дека сте виновни за нешто. Ако ви се случило дека некогаш во минатото нешто згрешивте, токсичните личности тоа можат да го користат против вас и да ви набиваат вина за секоја следна грешка, дури и кога не направивте ништо погрешно.

4. ‘Ти не си сигурен во себе’. Токсичните луѓе често се несигурни, но својата несигурност сакаат да ја сокријат така што ќе ве убедат дека вие сте несигурни. Тие на тој начин сакаат да сокријат дека не се совршени. Освен што на овој начин покажуваат непочитување, тие покажуваат и презир и штетат на вашата самодоверба.

5. ‘Не сакам да бидам пријател со личност како што си ти’ Овие зборови воглавно се користат како закана или ултиматум бидејќи вистинските пријатели никогаш нема да кажат вакво нешто. Тие всушност и не се грижат за вашето однесување, нив тоа не им смета, туку им смета фактот дека не можат да ве искористат.

6. ‘Ти си вистинско промашување’. Покрај оваа навреда често можат да кажат и дека сте тотален идиот или дека од вас нема никаква корист. Кога не знаат како да влијаат и да ја испровоцираат својата жртва, токсичните личности нема да бираат навреди кои ќе ви ги упатат. Ако некој ви ги каже овие зборови, не дозволувајте тие да ве допираат.

На токсичните луѓе во суштина не им е важна личноста на која им ги праќаат овие наврди, нив им е често важно да имаат некој на кој можат да ги исфлат сите свои фрустрации. Ако некоја личност ви упати вакви зборови обидете се да ги игнорирате. Не дозволувајте со вас да го хранат своето его, да ги смируваат своите внатрешни стравови и фрустрации. Запомнете дека зборовите кои ви ги упатуваат, зборуваат повеќе за нив самите, отколку за вас.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: