Можеби тишината се доживува како недостаток на одговор. Но, вистина е дека во оваа тишина постои огромна сила. Кога нема одговор, тоа може да создаде лажна илузија на сигурност, но во стварноста добивате повеќе од разбирлива порака. И тоа не е нешто што може или треба да се занемари.
Често, кога на прашање или барање во некој однос завладее тишина, тоа значи дека се приближувате кон тажна разделба- прекинување на врска. Ако очекувате одговор, но не можете да го добиете, знајте дека нешто драматично се променило. Треба да ви биде јасно дека се случува нешто многу сериозно.
И никогаш нема да биде како порано. Тоа што не ви одговориле, не значи дека немало одговор. Недостаток на одговор во врска или било кој друг однос е сам одговор. Тоа е воглавно сигнал дека работите тргнале во непосакуван правец.
Ако личноста ви одговори со молчење, тоа значи, верува дека не заслужувате друг одговор. Тоа значи одлучил, дека не сте вредни за неговиот труд.
Иако ништо не зборуваат- сепак нешто кажуваат. Без зборови, јасно даваат до знаење дека не ви веруваат повеќе и дека не сте им важни. И повеќе не чувствуваат дека со вас можат да ги делат тајните, мислите и чувствата.
Тоа значи дека луѓето пополека го прошируваат јазот помеѓу нив и вас, бидејќи покрај вас се чувствуваат лошо. Па, дури и да ви се чини дека се потполно затворени, бидејќи не разговараат многу, тоа не е така. Тие буквално ‘вриштат’ како се чувствуваат.
Зошто недостатокот на одговор е одговор? Отсуството на одговор од некој значи, дека тие луѓе повеќе сакаат му се обраќаат на друга личност за подршка и совет, отколку вам. Тоа значи дека ќе се обидат да ја пополнат создадената празнина со други луѓе. Во нивната душа повеќе нема место за вас. Тоа значи дека тие својата енергија и топлина ќе им ја даваат на други луѓе.
Залудно е да губите енергија, зборови и емоции. Тие веќе одлучиле дека е бескорисно да разговараат со вас, бидејќи таква блиска и драгоцена врска е одамна изгубена. Чувствуваат дека повеќе немаат сила и енергија да бидат во врска со вас. Многу им е полесно да пуштат, отколку да се борат со ветерници. Многу е полесно да заборават колку сте им значеле и колку долго. Колку биле драги и сакани.
Затоа најдобриот начин е едноставно да ги игнорирате и да се однесувате како да не заслужуваат дури ниту објаснување. Ако вашиот партнер молчи, тоа не значи дека не му е гајле. Тоа само значи, дека мора многу работи да помине и да се преиспита, а низ се’ тоа поминува без вас.
Без оглед на нивното време, добро или лошо, тие одлучуваат да продолжат без вас. Повеќе не сакаат да се хранат со лажни илузии. Подобро им е храбро да се соочат со животот и да одат напред. На овој пат нема повеќе место за вас. Затоа и немате друг одговор освен молчење. А тоа многу зборува..
Личноста која навистина ве сака, секогаш ќе ви одговори. Што и да чувствува и без оглед колку е навредена. Ќе направи барем да сфатите дека вашите напори не се залудни. Јасно ќе ви објасни што не е во ред и како тоа може да се поправи.
Значи, ако не ви одговориле и тоа е одговор. А тој е многу суров: нема повеќе љубов. Бидејќи вистинската и искрена љубов секогаш подразбира одговор. Љубовта никогаш не е тивка. Љубовта никогаш не е рамнодушна, никогаш не е безгласна. Љубовта не е молење.
Љубовта подразбира реципроцитет. А, ако како одговор не слушнете никаков збор, значи дека е време себеси да си ја кажете вистината. Вистина е дека љубов повеќе нема. Таа е мртва.
Извор: www.cluber.com ua
Leave a Reply