Ако љубовта е навистина љубов

Само во присуство на друг одеднаш се чувствуваш среќен; само затоа што сте заедно, чувствуваш екстаза; самото присуство на другиот задоволува нешто длабоко во твоето срце…нешто во твоето срце почнува да пее, влегуваш во хармонија.

Ако присуството на другиот ти помага да бидеш прибран, стануваш самостоен, фокусиран, урамнотежен. Тогаш е тоа љубов. Љубовта не е страст, љубов не е емоција. Љубов е многу длабоко сфаќање на тоа, некој да те дополнува.

Присуството на другиот го зголемува твоето присуство. Љубовта ти дава слобода да бидеш свој; тоа не е чувство на поседување. Затоа, никогаш сексот не го сметај за љубов, инаку ќе бидеш предаден.

Биди буден и кога ќе почнеш со некој да го чувствуваш неговото присуство, чисто присуство и ништо повеќе и ништо друго не ти е потребно; не бараш ништо само присуство, само тоа што другиот постои доволно е да се чувствуваш среќен…

Нешто во тебе цвета, расцветува во илјада и еден лотос и тогаш ти сакаш. И тогаш можеш да поминеш низ сите потешкотии кои ги носи реалноста. Многу болка, многу грижи- можеш да поминеш низ нив а твојата љубов се’ повеќе и повеќе ќе цвета, бидејќи сите ситуации ќе бидат предизвици.

А твојата љубов надминувајќи ги ќе стане се посилна и посилна. Љубовта е вечност. Ако таа постои, тогаш продолжува да расте и расте.

Љубовта познава почеток, но никогаш не познава крај.

Ошо

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: