Бог секогаш знае што прави. Дури и тогаш кога сме збунети и не знаеме како и каде понатаму, Бог е тука да ни ги отвори вратите. Неочекувана врата која може да не’ одведе до среќа, за која не сме ни сонувале. Врата која означува крај на сите тешкотии.
Бог ништо нема да ни земе, а да не ни даде нешто уште поубаво. Тој знае кога нешто ја исполнило својата цел, дури и тогаш кога не сме свесни. Тој знае кога на ‘нештото’ му доаѓа крајот, без оглед дали сме ние подготвени или не. Тој веќе ни подготвил нешто ново, бидејќи знае дека ни е потребна промена. Тој не’ води на подобра дестинација и не’ насочува кон исполнет живот. Тој не’ слуша. Бог ги слуша сите наши молитви. Тој не’ слуша и ни дава точно она што сакаме, само тоа го прави на свој начин. Можеби поинаков од нашиот, но секогаш е вистинскиот.
Ние се молиме за радост, а Тој не’ оддалечува од луѓето кои ги сакаме. Всушност ни покажува дека е време да се тргнеме од оние кои не’ исцрпуваат. Кога молиме за мир, а остануваме без работа, Тој ни ‘зборува’ дека нашата подобра иднина не’ чека на некое друго место. Кога молиме за љубов, а срцето ни е скршено, Тој ни зборува дека треба да донесеме подобра одлука. Ни ‘шепоти’ дека својата љубов му ја даваме на погрешни луѓе.
Тој секогаш одговара на нашите прашања, само мора да му веруваме на неговите одговори. Тој знае што е најдобро. Бог секогаш внимава на нас. Иако тоа често не го гледаме и не разбираме зошто некои работи се одвиваат на одреден начин, Бог никогаш не не’ остава сами.
Тој не води и инспирира. Тој е во нашиот живот, за да можеме да ги направиме потребните промени. Бог посакува да сметаме на него. Тој сака да знаеме како се луѓето непредвидливи и често го менуваат своето мислење. Тој посакува да знаеме, дека ништо во животот не е сигурно или потполно.
Посакува да знаеме, дека има моменти во кои ќе мора да се потпреме на вербата наместо на логиката. Тој сака да се соочиме со доволно проблеми за да разбереме, дека Тој е една константа во нашиот живот и единствено само тој може да не’ исцели.
Leave a Reply