Животот секојдневно нѐ соочува со предизвици и контрасти. Колку и да сме јаки често во тешките моменти помислуваме да се откажеме од сѐ, слушајќи го нашиот ум, како брбори дека ете ‘тоа’ не е за нас или дека не сме доволно добри или имаме ‘попаметни’ работи во нашите грандиозни замисли и планови во животот.
И најважно – НЕМАМЕ ВРЕМЕ!
Ќе најдете време да го прашате вашето срце? Што ме прави денес посебен-а? Која е мојата страст?..Бидете за миг со себе..слушајте го своето срце..тик-так..тик-так..најдете време, не барајте изговори.
Животот е убав и исполнет со многу убави работи само треба да знаеме да ги видиме. А знаеме, само треба да го смириме нашиот ум. Сите одговори се во нас. Срцето подобро гледа што е за нас суштински важно.
Умот врска нема! Една изрека вели: можно е да се излезе од тешките ситуации само ако се сетиш да го запалиш светлото. Светлото е нашето поврзување со душата. И сѐ зависи од нашата перспектива.
Не дозволете секојдневните тешкотии, да ве спречат да го гледате животот од ведрата страна. Животот е она, на што му даваме значење. Не она што се случува, туку како ние гледаме на работите. Така го креираме нашиот живот.
Затоа, слободно слушајте го вашето срце.
Leave a Reply