Кога во животот е тешко, сетете се на овие зборови

Ова е формулата за среќа и успех на Ричард Гир. Ако сте забележале тој е секогаш насмеан. Тежнее секогаш да биде смирен и да не бара проблеми, таму каде што ги нема.

Вели дека животот е таков каков што ние ќе го направиме. Секој е кројач на својата среќа. Секако дека постојат ситуации кои не се поволни и денови кои се полоши од другите, но за тоа постои решение. Откри како му тргнува од рака, од секоја сируација да излезе како победник и не им дозволува на негативните емоции да го совладаат.

Верувале или не, сето тоа се постигнува со помош на само една реченица. ‘Постои моќна вежба, многу едноставна, која почнав да ја користам пред многу, многу години. Кој и да го сретнам на патот, човек или инсект, првата мисла која му ја испраќам е: ‘Ти посакувам среќа’.

Оваа идеја во потполност го менува она што се случува помеѓу вас и таа личност. Го зборувам тоа од лично искуство. Понекогаш е така тешко, кога ќе сретнете непријател и кога ќе се најдете лице во лице со неочекувано тешка ситуација, а оваа мисла е многу корисна. Таа не’ учи да не им дозволиме на негативните ситуации да не’ совладаат.

Кога ќе забележите дека негативните емоции се појавуваат, пред да превземат контрола над вас, имате време да ги свртите. Свртете го бесот и лутината и претворете го во љубов. Позитивните мисли се клуч на среќен живот. Не велат без причина, како зрачиш, така привлекуваш.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: