Еднаш кога ќе престанеш да се трудиш да бидеш нешто што не си, ќе сфатиш која е убавината на животот, да бидеш она што си. Ќе престанеш да се критикуваш себеси за целите кои не ги постигна и грешките кои останаа зад тебе, бидејќи ќе сфатиш се знак дека за нешто си се борел, кон нешто си тежнеел и нешто си се обидувал.
Tогаш, ќе престанеш да се чувствуваш како странец во сопствената кожа и ќе почувствуваш колку прекрасно искуство може да биде, она што си и она што можеш да бидеш.
Еднаш кога ќе престанеш да се трудиш да бидеш она што не си, ќе престанеш себеси да се измачуваш со нешто што другите го рекле, за да те направат подобра личност, бидејќи ќе сфатиш дека само ти знаеш како може да се стане подобар човек, а тоа значи да го следиш гласот на своето срце.
Ќе престанеш да го штимаш своето време по другите, своите чувства да ги прилагодуваш на туѓите, својот пат да го ускладиш со другите, бидејќи ќе сфатиш дека многу малку постојат луѓе, кои тебе ќе ти се прилагодат.
Еднаш кога ќе престанеш да се трудиш да бидеш нешто што не си, ќе престанеш да трчаш по луѓето кои ‘не те пуштаат’, само да ја избегнеш својата осаменост.
Ќе престанеш да одиш по патот кој не те води никаде, не затоа што е полн со препреки, туку затоа што нема никаква смисла. Ќе престанеш да бидеш достапен на секој и во секое време, сфаќајќи дека ни сам не можеш, кај кој било да дојдеш, кога ќе посакаш, туку само ако си дел од неговите приоритети.
Еднаш кога ќе престанеш да се обидуваш да бидеш нешто што не си, ќе престанеш да бидеш неискрен кон себе и ќе сфатиш дека таа неискреност повеќе те чинела, од предавството на сите луѓе кои те изневериле. Бидејќи, ти си единствената личност која себеси најдобро се познава и сепак, тоа себеси си го правиш.
Кога ќе престанеш да глумиш и да бараш од другите одобрување, ќе остане само твоето вистинско лице кое никогаш нема да посакаш да го замениш, сфаќајќи колкав е благословот да бидеш токму она што си.
Марио Жувела
Leave a Reply